По средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, српскииот премиер Александар Вучиќ одржал прес конференција на која одговарал на прашања поврзани со средбата, но и на други теми.
Првото прашање било конкретно за средбата со европската претставничка, на кое Вучиќ сликовито одговорил:
– Ја запрашав Могерини – Дали вие би молчеле кога јас би рекол дека Србите треба да ги земат работите во свои раце во Босна и Херцеговина, како што некои Албанци порачаа за Македонија? Нема да ви кажам што ми одговори, но тоа можевте да го заклучите од нејзиното излагање, изјавил Вучиќ кој додал дека тој кога би давал изјави како неговите албански колеги, би го обесиле на Теразије…
– Загрижен сум поради фактот дека сите молчеа на страшните изјави на Хашим Тачи, па дури и нашите медиуми, Албанците да ги земат работите во свои раце. Нешто такво некој тука да изговореше, ќе воведеа санкции на цела Србија, рекол премиерот.
Запрашан што му одговорила Могерини кога го изнел својот став по тоа прашање, Вучиќ забележал дека не е лесно да се даде одговор кога ќе се каже некому вистината во очи.
– Што може таа да каже на тоа ако јас изјавам дека Србите во Босна и Црна Гора, кои ги има над 30 отсто, треба да ги земат работите во свои раце. Па ми ме обесила на Теразије за пример. Кој одговор ќе го каже кога знае дека и ја кажувам вистината, изјавил Вучиќ.
При посетата на Србија, Могерини се сретнала и со претседателот Николиќ кој исто така изразил загриженост за состојбите во Македонија. Тој нагласил дека НАТО треба продолжи да дава поддршка за одржување на мирот на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.