| четврток, 6 декември 2018 |

Триесетметарско знаме пред Собрание, граѓаните порачаа: За заедничка Македонија! (ГАЛЕРИЈА)

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ од денешниот протестен марш во Скопје порача дека бара политичка и економска лустрација, јавно осудување на двојните аршини, национални црвени линии, заедништво за една единствена, суверена и унитарна Македонија без разлика на пол, вера, етничка или политичка припадност.

Маршот, како и претходните денови, почна пред Владата, а заврши пред Собранието на Република Македонија каде беше развиорено 30- метарско македонско знаме и испишан апел дека нема да се дозволи разградување на Македонија.

– Ги повикуваме сите ценети членови на политичките партии да ни се приклучат. Да ги одбраниме надпартиските интереси, бидејќи единствена партија која може да ја имаме е Република Македонија, истакна Елена Мисиркова од „За заедничка Македонија“ на почетокот на маршот.

Таа повика на маршот да се приклучат и Албанците. – Нашите собраќа, македонските Албанци да ни се приклучат, зашто ние со нив го делиме соживотот овде. Ни недостасувате во тоа да ја одбраниме нашата република од странски влијанија, ве покануваме да ни се придружите овде, заедно со нас. Сите заедно треба да си ги одбраниме интересите, сите заедно да направиме едно општество подобро за живот, за сите нас без исклучок, истакна Мисиркова.

Борис Дамовски, еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, оцени дека од мигот кога Македонија прогласи независност, во погон била ставена моќна машинерија која ги прогласила името и идентитетот за безбедносен проблем.

„За заедничка Македонија“ бара, додаде Дамовски, прекин на преговорите за името.

1-4 2-2 3-2 4-2 5-3 6-1 7-1 8-1 9-1 10 11 12-1 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 30 31 zname-1-1 zname-mk-sobranie1

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top