| четврток, 6 декември 2018 |

Купил ковчег и закажал погреб, а кога отишол во болница татко му го чекал жив

sanduci

Горан Ѓуриќ oд селото Кореница во западна Србија, минатата недела отишол во оделението за неврологија во болницата во Лозница за да земе документација за неговиот „починат“ татко Добривое. На негово огромно изненадување, болничкиот персонал му рекол дека неговиот 74-годишен татко е во својата соба жив и здрав.

Сестрите биле изненадени што тој бара од нив и не им било јасно што се случува. Збрката настанала кога една сосетка на семејството Ѓуриќ им соопштила дека Добривое починал. Таа пак оваа лажна информација ја добила од нејзина пријателка која работи во болницата.

– Бидејќи се работи за сериозна жена, не се посомневавме во тоа што го кажа и веднаш откако дојдовме на себе, почнавме да организираме погреб. Нарачавме риба и друга храна, јас отидов во погребалната фирма, одбрав ковчег и сето тоа што мора да се направи во тие тешко моменти…Кога стигнав во болницата за да земам документи и тоа што останало таму, ме очекуваше голем шок. Татко ми ме чекаше жив, раскажал Горан.

Иако се помачиле додека да ги вратат сите работи кои ги купиле, од семејството изјавиле дека најважно им е што Добривое е се уште со нив.

Болницата никогаш не дала официјална информација дека пациентот починал, па целата вина оди кај сестрата која лажно ја информирала сосетката на семејстовто Ѓуриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top