| четврток, 6 декември 2018 |

Ја освои со оригинална идеја: Покани банкарка на состанок со уплатница

Младиот белграѓанец Филип предизвика големи позитивни реакции во јавноста во регионот со неговиот оригинален начин на додворување на една банкарска службеничка. Тој ја повика девојката на состанок така што на уплатница го напиша неговиот број на телефон, а во цел на дознака напишал „повик за пијалок“.

Српските медиуми пишуваат дека банкарката Невена не можела да одолее на повикот и ја прифатила поканата. Тоа го потврдил Филип кој се јавил во радио-емисија. Водителот потоа телефонски ја побарал и Невена која го кажала истото. Други детали не откриле…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top