| четврток, 6 декември 2018 |

Андон Дончевски: Македонци, сплотете се, спасете ја Македонија

Драги Македонци, сплотете се, спасете ја Македонија, задајте го последниот удар на сите што сакаат да ја разнебитат Македонија- повикува во својата порака легендата на македонскиот спорт Андон Дончевски во изјавата за Република по случувањата во неговата татковина по откривањето на содржината на договорот за мандат условен со сеалбанската платформа.

-Ова што ни се случува е неверојатно непријатно. Спасувајте ја состојбата од тој арамијата, тој лажгото, тој човекојадецот што сакаше да ги јаде луѓето, тој што ги поведе лесните. Дозволивме ние некои од нас, некои лекомислени, да му веруваат. Тие се малкумина, но и тие треба да го фатат редот. Кој ја сака нашата Македонија треба да биде лојален граѓанин. Немојте да им верувате на тие продадени души кои се без чувство за народот, за Македонија, за нашата земја, за нашиот јазик, за знамето, за грбот. Немојте да им дозволите тие што ги фатило беснило, што ги шараа сите наши споменици и македонски обележја; нивните фотографии да ги ставите на ѕидот на срамот- повика легендарниот 82-годишен чичко Дончо.

-Браќа и сестри, немојте да наседнувате на некои туѓи платформи. Тие платформи се од луѓе што не ја сакаат Македонија, кои се лакоми, кои посакуваат Македонија да ја нема, сакаат да исчезнеме, а тие да се шират на македонска територија. Со туѓи пари се прават газди на Македонија. Тој безобразлак што поскоро да го отстраните.

Сите тие што се родољубиви, сите тие што се лојални граѓани на Македонија, нив треба да ги почитуваме, без разлика дали се Турци, Власи, Срби, Роми, Албанци.  Сплотите се луѓе, спасете ја Македонија, наша е таа земја, немаме друга земја. Задајте го последниот удар на сите што сакаат да ја разнебитат Македонија. Дајте им на знаење, на непријателот, на оние кои се против нас,  покажете им дека не може да си играат со Македонија, наша е таа земја, немаме друга земја, а ние постоиме и секогаш ќе постоиме- вели во својата порака Дончевски, носителот на државна награда „8 Септември“ за животно дело за придонеси, афирмацијата и промоцијата на Македонија на меѓународен план.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top