Неделава интернет добивавме на лажичка, а причина за тоа беше што серверите на кои е сместен добар дел од светската мрежа, едноставно исчезнаа.
Недостапноста на С3 сервисот на Амазон траеше повеќе од 4 часа и во тоа време меѓу другите не беа достапни Куора, Трело и ИФТТТ.
Во порака до корисниците, Амазон објави дека причина за проблемот била печатна грешка. Во вторникот утрото тимот на С3 го дебагирал системот за наплата на сервисот. Како дел од дебагирањето им било потребно гасење на мал број сервери.
„За жал, еден од податоците во командата за гасење бил погрешно внесен, и е изгасен значително поголем број на сервери.
Серверите кои ненамерно беа изгасени опслужуваа други два потсистеми на С3“, се објаснува во соопштението на Амазон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.