| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски и Црвенковски седнаа на заедничка маса

Лидерите на позицијата и на опозицијата седнаа на заедничка маса. Во Клубот на пратениците започна лидерската средба меѓу претседателот на македонската влада Никола Груевски и лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, која е направена на иницијатива на премиерот Груевски.

Со Груевски и Црвенковски на маса се седнати и шефот на кабинет на премиерот, Мартин Протоѓер,  министерката за внатрешни работи и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, како и Јани Макрадули, Емилијан Станковиќ и генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров.

gruevski-Crvenkovski-4

– Република Македонија во рамките на својот државноправен развој се соочувала со предизвици од различен карактер, кои со мудро и одговорно однесување успевала да ги надмине и да извлече позитивни пораки, а притоа и да стане посилна. Во контекст на предизвиците што се поставени пред нас, а кои бараат наше одговорно и сериозно поставување, како и внимание и заштита на државните интереси, како и интересите на сите граѓани на Република Македонија, би сакал да ја истакнам потребата од остварување на заедничка средба на која би се дискутирало за прашањата од интерес и потреба – вели премиерот Груевски во вчерашната покана до Црвенковски.

gruevski-Crvenkovski

На средбата се очекува да се разговара околу видувањата за изборите. Црвенковски изјави дека во согласност со принципите и со уверувањата, како и со утврдените демократски стандарди, очекува да најдат решенија за учество на Социјалдемократскиот сојуз на претстојните избори.

Република Македонија спроведува реформи и проекти и мерки на сите полиња, а се наоѓа и во еден динамичен и интензивен евроинтеграциски процес, и како политички лидери треба да го вложиме својот авторитет за да овозможиме негова поддршка и развој на нашата земја, и ние тоа им го должиме на граѓаните – стоеше во поканата на Груевски.

gruevski-Crvenkovski-3

Политичката криза настана по инцидентите во Собранието на 24 декември при донесувањето буџетот. Оттогаш опозициската СДСМ го бојкотира парламентот, организира училни протести и го условува учеството на претстојните локални избори со истовремено одржување и на парламентарни.

ФОТО: Ѓорѓи Личовски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top