| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ го прифати правилото „победник со победник“ и тогаш кога немаше потреба

тодоров

Во Македонија се воспостави неформално правило – победник со победник, односно победникот од македонскиот да коалицира со победникот од албанскиот блок, потсети потпретседателот Никола Тодоров во интервју за ТВ НОВА.

-Правилото беше востановено како резултат на разговори, сугестии, ставови и на меѓународната заедница. Правилото беше прифатено, а спроведено дури и во време кога ВМРО-ДПМНЕ немаше потреба да земе ниту еден партнер бидејќи имаше мнозинство во парламентот.  И покрај тоа, коалициравме со победникот од албанскиот блок. Сега се убива овој неформален концепт и од овој момент натаму тоа правило не би требало да се применува во државата, истакна Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top