| четврток, 6 декември 2018 |

Детали од средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Могерини

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес (02 март 2017 година) заедно со Никола Попоски, Никола Тодоров, Владимир Ѓорчев и Александар Николоски оствари разговор со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Могерени ги повтори јавно изнесените ставови на Европската комисија за актуелните теми и области.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од платформата на премиерот на Албанија Рама од Тирана, негативните последици што се предизвикуваат од бруталното мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство.

Воедно беше истакнатот фактот за нарушување на принципот за коалицирање на “победник со победник” по изборите.

Разговарајќи околу можните решенија ВМРО-ДПМНЕ ја повтори оценката дека спроведувањето на брзи избори е најдобриот начин за стабилност и надминување на политичката криза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top