| четврток, 6 декември 2018 |

Не појадувал цели 35 години и тврди дека тоа е здраво – дали тоа е тајната на здравиот живот?

Minolta DSC

Minolta DSC

Др. Марк Матисон, невролог на Националниот институт за здравје во Мериленд, не појадувал цели 35 години. Тој го прескокнувал и ручекот, трчал по два часа на ден, а почнувал со оброците по пет часот попладне. Марк тврди дека тоа е тајната на неговиот здрав живот!

Др. Матисон почнувал да јаде од пет часот попладне, а во наредните шест часа тој надокнадувал за пропуштеното.

Во култура во која се подразбираат три главни оброци и минимум две ужини, самата идеја на прескокнување на оброците и гладување звучи претерано. Меѓутоа, судејќи по најновите истражувања, изгладнувањето или постот како што го нарекува Mark, е многу популарен тренд кој го практикуваат и познатите ѕвезди, како Hugh Jackman и Benedict Cumberbatch.

Волтер Ланго, директор на Институтот за долговечност при универзитетот South Carolina, сериозно го проучувал начинот на исхрана на др. Марисон при што заклучил дека два до пет дена пост секој месец го намалува ризикот од дијабетес, кардиоваскуларни болести и рак.

-Гладувањето или постот го намалуваат нивото на инсулин како и хормонот IGF-1, кој е во директна врска со настанувањето на дијабетес и рак во организмот. Кога ќе го намалите нивото на овој хормон, Вашето тело “мирува”, ќелиите го намалуваат својот раст, а со тоа се успорува и стареењето и настанување на многу болести – вели Ланго.

Правила на диетата 5:2

Диетата 5:2 се сведува на тоа 5 дена во неделата да се храните вообичаено, со тоа што ќе внесувате до 2.000 калории (за жени) и 2.400 калории (за мажи). Преостанатите два дена треба да го намалите внесот на калории на 500, односно 600 калории дневно.
Иако е тотално сеедно во кои денови ќе се храните нормално, а во кои ќе постите, авторите на диетата предлагаат намалениот внес на калории да го оставите за понеделник и четврток.
-Понеделникот е одличен бидејќи тогаш најмалку мислиме на храна, а четвртокот е одличен бидејќи ни претстои викенд, денови кога најмногу уживаме во вкусните оброци со семејството и пријателите. Најважно е деновите во кои се пости да не бидат споени, односно меѓу нив да има простор од најмалку 24 часа – вели нутриционистката Мишел Харвиe.
Исто така, намирниците кои ги внесувате мораат да бидат разновидни, со цел организмот да ги добие сите потребни нутритиенти за негово правилно функционирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top