Екипата на Челси оваа сезона игра во фантастична форма и заслужено е на челната позиција во Премиер-лигата. Новиот менаџер на „сините“, Антонио Конте, го пронајде вистинскиот рецепт за успех, а во него најдобро се вклопија шпанските фудбалери, Диего Коста, Алонсо, Сеск Фабрегас, Аспиликуета и Педро.
Одличната игра на шпанските репрезентативци на тимот му донесоа неверојатен податок, Челси е најефиканскиот клуб кога се бројат головите од шпански фудбалери.
Всушност, овие фудбалери во тековната сезона за Челси постигнаа дури 39 гола, што е два повеќе од Реал Мадрид, каде што Шпанците дадоа 37 гола, шест повеќе од Атлетик Билбао (баскискот клуб настапуваат само шпански фудбалери) и дури 25 повеќе каталонскиот гигант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.