Претседателот на Република Македонија со одлуката да спречи рушење на независноста и суверенитетот на државата се запиша во историјата како бранител на државните интереси, коментираат експертите.
-Одлуката на претседателот Иванов е државничка, коректна и како единствено можна во ова ситуција што може претседателот да ја направи со согласност со неговите овластувања и неговата заклетва да ја штити, унитарноста, целокупноста и одредбите на Уставот што се однесуваат на суверенитетот на граѓаните, вели професорот по уставно право и поранешен претседател на Собранието, Саво Климовски.
Универзитетската професорка Тања Каракамишева – Јовановска вели дека одлуката на претседателот Иванов да не го даде мандатот на Заев е целосно во согласност и во рамките на Уставот на РМ.
-Претседателот на Републиката е должен својата функција да ја извршува согласно сите одредби од Уставот, а не само согласно одредбите кои се однесуваат на неговата функција. Тоа што овие неколку денови го читаме и го слушаме од експертите блиски до СДСМ дека претседателот нема право да не го даде мандатот за Влада на Заев, и дека се работи за формално дејствие кое мора да се заврши со формално доделување на мандатот е тесно експертско сфаќање кое не е во корелација со целосната уставна должност на претседателот на Републиката да го почитува уставниот поредок на државата, да го почитува Уставот од првиот до последниот член, и да ги брани темелните вредности врз кои истиот е заснован. Впрочем, претседателот на Републиката има дадено свечена изјава кога ја презеде функцијата дека истата ќе ја врши совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите на земјата. Оваа изјава претседателот ја нема дадено само за почитување на членовите од Уставот кои се однесуваат на неговите надлежности, туку дека неговата работа мора да биде во согласност со целиот Устав., вели Каракамишева- Јовановска.
Таа додава дека факт е оти албанската платформа е подготвена во друга држава, а е пост-изборно ампутирана во процесот на формирање ново парламентарно мнозинство и формирање нова Влада.
-Оваа платформа не е гласана од граѓаните на РМ што претставува флагрантно кршење на Уставот и целосна дискредитација на изборната волја на граѓаните. Токму затоа, оваа противуставна платформа не смее да биде основа за која било идна владина програма, или нов владин состав. Оваа противуствна состојба е доволен аларм за претседателот да го спречи овој антидржавен чин и да застане на браникот на националните и државните интереси. Тоа е негова основна уставна обврска, но и дел од совесното и одговорно работење на претседателот г. Иванов., смета универзитетската професорка.
-Почитувани фантоми, пред опустошената канцеларија на претседателот на Република Македонија, од која пред извесен период беше украден лап –топ, на наша среќа Уставот не беше во лап-топот. Му благодариме на претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорге Иванов, кој ги испочитува законите и Уставот на Република Македонија, како и нашите барања. Граѓани ова е трет ден на нашите протести и прва победа, не чекаат уште многу, кажа Борис Дамовски пред насобраните граѓани на маршот на граѓанската организација „За заедничка Македонија“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тања Каракамишева: Знае ли точно Камбовски колку прекршувања на Уставот и на законот за референдум се направени со фалично донесената одлука?
-
Каракамишева: Волку да не те сака народ како што не го сакаат Заев, а него буквално да не го боли уво заради тоа може да се смета за сериозна патолошка болест
-
Каракамишева: Овој Договор е најгеноцидниот документ за Македонците во поновата историја
-
Каракамишева: Не е време за пеење, ниту има причина за радување!