Хосе Марија Гутиерез, или многу попознат како Гути е фудбалер кој отсекогаш уживал огромна почит меѓу навивачите на Реал Мадрид, а откако и официјално се пензионираше, посебно е актуелен со своите чести објави на социјалните мрежи каде најчесто им фаќа сеир на Каталонците.
Гути обично е оној кој секогаш има реплика за зајадливите коментари кои ги објавува Жерар Пике, но оваа вечер комплетно изненади со својата изјава откако излезе во одбрана на стоперот на Барселона поради тоа што тој секогаш е оној кој застанува во одбрана на интересите на својот клуб.
– Едиствениот кој секогаш ги брани интересите на Барселона е Пике. Другите како да не ги интересира ништо. Сите други се обидуваат да се сокријат, тој секогаш излегува со чисто лице и го кажува тоа што го мисли – порачува Гути, додавајќи дека сака да види како Барселона прави чудесен пресврт против ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите.
– Некој нема да ми верува, но искрено сакам Барселона да направи пресврт и да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Сакам да направи пресврт и петтиот гол да го постигне Пике. Искрено, мислам дека тој го заслужува тоа. Тој е единствениот кој ја брани Барселона. Посакувам Барселона да остане во Лигата на шампионите, така нема да може само да се концетрира на титулата во Ла Лига – додал легендарниот играч за врска на „кралевите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.