| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографија која го запали интернетот – во светот даваат по 2.515 евра за овој фустан, а нашите баби го носат постојано

babi

Фустаните со цветни дезени кои и денеска ги носат нашите баби, а во осумдесетите години биле голем хит во поранешна Југославија, денеска се продаваат за повеќе од 2.000 евра.

Имено, неодамна по интернет почна да кружи фотографијакоја го насмеа целиот регион. На неа споени се две баби и манекенка, кои се во скоро исти фустани со цветни дезени.

Тоа не би било чудно да фустаните на нашите баби не се купени некаде на пазар и ги носат каде и да одат, на пазар, на нива, во комшии и најверојатно се платени 500-600 денари, додека фустанот кој го носи манекенката е од познатот бренд „Ив Сен Лорен“ и чини неверојатни 2.515 евра.

babi2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top