| четврток, 6 декември 2018 |

Рамчиловиќ: Бошњаците нема да ви простат што си играте со нивната егзистенција

Дали СЈО покрај толку правни субјекти во градежиот сектор сака да каже дека само Бошњаците се криминалци во тој сектор, прашува пратеникот Зеќир Рамчиловиќ на социјалната мрежа Фејсбук.

-Да се покрене обвинение можеби е во ред, но да се прави толкав театар и да се загрозува работата на фирмите „Трансмет“ од Скопје и „Вато“ од Батинци во кои работат над 1.000 Бошњаци и од каде егзистираат 1.000 бошњачки семејства, не е борба против криминалот. Оваа борба ми личи на политичка пресметка и пресметка со една заедница, пресметка и дисциплинирање на Бошњаците. Бошњаците нема и не можат да ви простат што си играте со нивната егзистенција и барате начин да ги извалкате фирмите и да го намалите нивниот обем на работа и да ги дисциплинирате нивните сопственици исполнувајќи нечии агенди. Ако на овој начин доаѓа „живот“ за нас Бошњаците во Македонија, тогаш јас сум првиот во редот на оние кои нема да дозволат Заев со една дробилица да не „здроби“, дециден е Рамчиловиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top