Едно лице загина, а 25 други се повредени денеска при експлозии во Техничко-ремонтниот завод во српскиот град Крагуевац, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Како што јави Танјуг, повредните лица се припадници на Војската на Србија и на Противпожарната единица.
Жртвите настрадале кога при гаснење на пожарот предизвикан од првата експлозија во погонот за ремон на оружје во фабриката, се урнала покривната конструкција, која ги затрупала. За време на пожарот во погонот одекнала и втора експлозија.
#kragujevac eksplozija pic.twitter.com/i3n0VQfjyT
— Saћћа (@NaVremePobegao) February 28, 2017
Инцидентот се случил околу 13.30 часот, а пожарот бил локализиран нешто по 17 часот. Во гаснењето на пожарот учествувале 40 пожарникари, припадници на Армијата и вработени во фабриката.
Сите повредени лица се згрижени во крагуевскиот Клинички центар и се вон животна опасност.
Началникот на секторот за вонредни ситуации на Крагуевац, Драгош Радовановиќ изјави дека немало причина за евакуаџија на жителите во населбите, кои се наоѓаат во близина на фабриката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст