| четврток, 6 декември 2018 |

Две експлозии во Крагуевац: Еден загинат и 25 повредени

Едно лице загина, а 25 други се повредени денеска при експлозии во Техничко-ремонтниот завод во српскиот град Крагуевац, соопшти Министерството за одбрана на Србија.

Како што јави Танјуг, повредните лица се припадници на Војската на Србија и на Противпожарната единица.

Жртвите настрадале кога при гаснење на пожарот предизвикан од првата експлозија во погонот за ремон на оружје во фабриката, се урнала покривната конструкција, која ги затрупала. За време на пожарот во погонот одекнала и втора експлозија.

Инцидентот се случил околу 13.30 часот, а пожарот бил локализиран нешто по 17 часот. Во гаснењето на пожарот учествувале 40 пожарникари, припадници на Армијата и вработени во фабриката.

Сите повредени лица се згрижени во крагуевскиот Клинички центар и се вон животна опасност.

Untitled

Началникот на секторот за вонредни ситуации на Крагуевац, Драгош Радовановиќ изјави дека немало причина за евакуаџија на жителите во населбите, кои се наоѓаат во близина на фабриката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top