Актерот Ванчо Петрушевски го повикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да ги поддржи.
– Масовно во одбрана на унитарна и заедничка Македонија – истакна Петрушевски, кој се приклучи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“
-Не се лажеме, нашата цел е искрена и оправдана и очекуваме секој кој ја сака својата татковина, кој ја почитува историјата, но и посакува иднина да се приклучи кон нас. Еднаш засекогаш да се знае дека седење настрана нема. Потребна е акција. Сега дојде времето. Ајде сите заедно за заедничка Македонија, вели Петрушевски.
Тој додаде дека немаме друга татковина и сите заедно треба да се за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.