| четврток, 6 декември 2018 |

Најмногу директни инвестиции лани влегле од Германија и од Турција

inve

Вкупните директни инвестиции во Република Македонија во деветте месеци од 2016 година изнесуваат 199,45 милиони евра. Директни инвестиции, според објавените податоци на Народната банка на Република Македонија, изнесуваат 105,45 милиони, а нераспределено-реинвестирање на добивката и дел од должничките интруменит е 93,63 милиони евра.

Според податоците, вкупните директни инвестиции во првиот квартал лани изнесуваат 106,91 милиони евра, а нераспределено – реинвестирање е 91,51 милиони евра. Во вториот квартал 36,07 милиони евра, а во третиот квартал 56,10 милоиони евра, а нераспределено- реинвестирање изнесува 14,54 милиони евра.

Најмногу инвестиции се пристигнати од Германија 23,20 милиони евра, Турција 23,14, Италија 12,46 миклиони, Бугарија 11,72 милиони и Луксембург 11,48 милиони евра.

Според дејностите, најмногу инвестиции во првите девет месеци од минатата година имало во индустријата 38,25 милиони евра, потоа финансиите и осигурителните активности 15,35 милиони, рударството 15,08 милионии, електрична енергија, гас, пареа и разладни уреди 11,02 миолиони, градежништво 10,79, уметност, забава и рекреација 8,20 милиони и спортски и други рекреативни активонстои, кладење и обложување 7,92 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top