| четврток, 6 декември 2018 |

Kарневал во Рио де Жанеиро: Се урна дел од сценогарфија и повреди 12 лица

Рано утринава, за време на парадата на карневалот во Рио де Жанеиро, се урна горниот дел од една подвижна сценографија и притоа повреди 12 лица, соопштија здравстевните власти и организаторите на карневалот.

Полицијата врши увид на местотото на инцидентот.

Државниот секретар за здравство изјави дека од 12 повредени, деветмина се префрлени во блиската болница, додека  две лица имале посериозни повреди.

Претставниците на Министерството за здравство, исто така, изјавија дека осум лица побарале лекарска помош поради претпрен стрес.

Ова е втор посериозен инцидент на годинешниот карнавл, откако во неделата падна подвижната сценографија на друго самба училиште и притоа повреди 20 лица, од кои три посериозно.

По двата инцидента организаторите одлучија да продолжат со карневалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top