| четврток, 6 декември 2018 |

Бил срамежлив, а сега е најмоќен човек на светот – ваков бил Путин кога станал претседател

putin
Германскиот фото-репортер Даниел Бискуп, кој неколку пат го фотографирал рускиот претседател Владимир Путин, за него вели дека со време се променил и станал многу поцврст отколку пред 16 години, кога го запознал за прв пат.

-За сите овие години рускиот претседател многу се променил, но некои црти останале исти. Тој зборува многу тивко, речиси да шепоти, а кога зборува германски се обидува да биде многу љубезен – рекол Бискуп.

Според неговите зборови, кој сега разговара со Путин, го гледа сосема поразлично од тоа пред 16 години. “Тој е сега многу поцврст од порано, некој кој претставува силна Русија. Тоа не е глума, тој верува во тоа”, навел фотографот, пренесува Дие Велт.

putin2

Порано Путин делувал многу срамежливо, истакнал Бискуп, додека таа промена во карактерот на Путин ја објаснува преку однесувањето на Западот кон Русија.

putin3

-На почетокот на 90-тите многумина во Русија мислеле дека Западот ќе ги прифати со две раце. Меѓутоа, Западот на тој период гледал како на последната рунда од борбата помеѓу комунизмот и капитализмот. Напредокот кој Русите во тој период самостојно го постигнале, Западот го сфатил како свој пораз, а тоа Русите ги погодило. А тие само сакаа кон нив сите да се однесуваат чесно- заклучил Бискуп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top