Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро на лето дефинитивно го напушта Манчестер сити, а е многу блиску до трансфер во редовите на актуелниот европски првак Реал Мадрид, откриваат медиумите на Островот. Преговорите се веќе започнати меѓу неговиот агент и раководството на „кралскиот клуб“, иако засега се држат во тајност, а Агуеро јавно изјави дека за својата иднина ќе одлучува по завршувањето на сезоната.
Агуеро падна во втор план кај менаџерот Пеп Гвардиола по доаѓањето на Бразилецот Габриел Хесус, но сега повторно е прв избор, откако тој се повреди и ќе паузира до крајот на сезоната. Но, на Агуеро му е јасно дека следната сезона повторно би седел на клупата за резерви.
Реал Мадрид е подготвен да понуди 60 милиони фунти и да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок. Агуеро е дамнешна желба на претседателот на клубот Флорентино Перез и тој сигурно ќе се обиде да го реализира овој мегатрансфер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.