| четврток, 6 декември 2018 |

Г. Петар: Има надворешно сценарио за промена на името, но и на државата и црквата

vladika-petar-4-800x454-640x363

– Мислам дека во врска со црквата и со државата и со името има едно влијание, едно сценарио кое е поголемо и е на меѓународен план, изјави во „Око“ на Телевизија Нова митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.

– Тој притисок е очигледен и во општеството, а подеднакво се врши влијанието и за промена на името, и на државата и на црквата, на нашиот јазик и на сѐ што е белег на македонската нација и општество. Она што во последните две и пол години ѝ се случува на државата е предавство, на нашите национални белези. Тука се јазикот, културата, грбот на нашата држава, химната. Сето тоа е загрозено со постапките што се направени во овие последни години, вели владиката Петар во емисијата „Око“ на ТВ Нова.

– Во старомакедонскиот или старословенскиот, како сакате, зборот јазик се поистоветува со зборот народ. Тој е битен елемент на една нација. Знаеме дека најдобар начин за една држава, да се изразуваат луѓето е да има еден заеднички  јазик кој ќе биде обединувачки.  Во конкретниов случај во оваа држава обединувачки јазик ни е македонскиот, изјави г. Петар.

– Ако немате обединувачки јазик, државата се раслојува. Тогаш зошто да има двојазичност, нека има 40-јазичност колку што има нации, народи или народности, додаде владиката Петар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top