Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија бил пред трансфер во Кина оваа зима, неколку дена пред да одигра фантастичен меч за ПСЖ против Барселона (4-0) во Лигата на шампионите. Тој постигна два гола против каталонскиот тим и беше предводник на тимот на Унаи Емери во првиот осминафинален дуел што се одигра на „Паркот на принцовите“. А се можело да биде поинаку, затоа што неговиот агент Жорге Мендеш бил на прагот да постигне договор за позајмица на Ди Марија од ПСЖ во Гвангжу Евергранде.
Дури и раководството на ПСЖ се согласило со ваков развој на настаните, но во последен момент трансферот е откажан пред се затоа што Аргентинецот се двоумел околу неговото заминување во Кина. На крајот, излезе џек – пот за Пари Сен Жермен, а несреќа за Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.