Господине Хан, пред само десет дена во Скопје јавно кажавте дека нема да се мешате, а сега објавувате на твитер дека Претседателот Иванов треба да го даде мандатот на овој или оној…, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на својот ФБ профил.
-Дали тоа не е мешање? Кога веќе решивте на Претседателот на Република Македонија, избран од граѓаните, да му кажувате што да прави околу мандатот, добро е и да кажете што мислите за предлогот наместо 67, идната Влада да има поддршка од 100, но без редефинирање на државата, без двојазичност на целата територија, без бинационалност, а со зачувување на унитарноста, името и македонскиот идентитет? Велевте дека треба поширока поддршка на Владата, еве ја. Ако еднаш го прекршивте ветувањето дека нема да се мешате, повелете и втор пат, одговорете- пишува Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот