Португалскиот ас Кристијано Роналдо е фудбалерот со најголем број на постигнати голови од пенал во историјата на Примера, вкупно 57.
На дуелот со Вилјареал (2-3) постигна погодок од пенал за израмнување на резултатот, во 74.минута, а девет минути подоцна Мората донесе триумф за „кралевите“. Вилјареал имаше водство од 2-0 во второто полувреме, но тимот на Зинедин Зидан се врати со неверојатен пресврт.
Роналдо на листата на „пеналџиите“ го надмина некогашниот голгетер на Реал Мадрид, Хуго Санчез, кој има постигнато 56 погодоци од белата точка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фудбалскиот свет ова сѐ уште го немаше видено: Младиот Авдалијан изведе пенал и направи салто (Видео)
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
По досудениот пенал за Реал, смртни закани за судијата Мајкл Оливер
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)