| четврток, 6 декември 2018 |

Скијач почина на Попова Шапка под неутврдени околности

helikopter-sneg

Германскиот државјанин Ц.К.Х.(61) починал во засега неутврдени околности додека со група скијачи денеска биле на скијање на задната страна од врвот Церипашина во месноста Казани на Попова Шапка.

Според првичните полициски информации германскиот државјанин вчера пристигнал на Попова Шапка за денеска со други скијачи со ратрак да се упатат на другата страна од Церипашина каде имало снег за скијање.

Според раскажувањата на поединци од групата, тој во еден момент додека скијал застанал, се свиткал и паднал на снегот. Веднаш било известено полициското одделение на Попова Шапка од каде побарале интервенција на хеликоптерот на МВР кој пристигнал на местото и го пренел Германецот во клиниката Систина во Скопје каде лекарите само можеле да ја констатираат неговата смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top