Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид пред денешното дерби во Примера со Барселона изјави дека шпанскиот шампион сè уште е најдобриот фудбалски колектив во светот. Иако Барса доживеа катастрофа во Париз, губејќи од ПСЖ со 4-0, како и среќно во 90. минута го победи Леганес во последното коло од Примера, Чоло смета дека каталонските фудбалери се најдобри во овој момент во светот.
– Навистина е тешко да се натпреваруваш на такво ниво како што се натпреварува Барселона во последните десет години. Со Енрике освои 12 трофеи и секогаш игра на високо ниво. Секој може да има лоша ноќ, како што Барса имаше во Париз, но сè уште верувам дека каталонскиот тим е најмоќниот на светот – вели Симеоне.
Дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона во рамките од 24. коло од Примера ќе се одигра на „Висенте Калдерон“ со почеток од 16.15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.