| четврток, 6 декември 2018 |

Интер тргнува во офанзива, сака уште во март да го договори трансферот на Џејмс Родригез

rodrigez

Богатите кинески сопственици на Интер планираат да потрошат над 100 милиони евра на засилувања во летниот преоден рок, а управата на клубот од Милано веќе почна и со преговори за фудбалерите кои посакуваат да ги видат во своите редови почнувајќи од 1 јули. Првиот човек на Интер, Жанг Јиндон, се наоѓа во Шпанија каде се сретнал со Флорентино Перез и дискутирал за можноста на „Џузепе Меаца“ да го донесе Џејмс Родригез.

Колумбиецот е далеку од стандарден првотимец, а сега со враќањето на Герет Бејл неговата минутажа во Реал Мадрид уште повеќе ќе се намали. Тој остана во Реал во текот на јануарскиот преоден рок, но речиси сигурно е дека во текот на летото ќе ги промени клупските бои. Италијанските медиуми тврдат дека Интер веќе подготвил и понуда во висина од 50 милиони евра за екс-фудбалерот на Монако, но прашање е дали оваа сума ќе биде доволна со оглед на фактот дека Реал досега бараше 70 милиони за Хамес.

Покрај Интер, сериозен интерес за овој фудбалер искажуваат и Челси и Манчестер јунајтед, но двата англиски клубови се уште немаат почнато официјални разговори со Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top