Жал ми е што неговото име некои го користат поради реклама, а ни гробот не му го посетуваат, со овие зборови се обратија неколку станари од Босанска Дубица, родното место на покојниот пејач Нино Решиќ.
Амир Решиќ Нино зад себе остави три ќерки од три брака, меѓу кои е и учесничката во „Ѕвездите на Гранд“ Сандра Решиќ, која со својот настап ја допре цела Србија. Нино е погребан во Босанска Дубица 2007 година, а само неколку негови фанови ден денес доаѓаат до неговиот гроб.
Станарите на Дубица, го следеле учествувањето на неговата ќерка во „Ѕвездите на Гранд“, како и изјавите на пејачите за Нино, но и интервјуто на Сандра кое го дала за српски Телеграф.
Тоа што ги погодило е фактот дека никој од пејачите, а уште полошо никој од членовите на семејството од кое некои денес толку многу зборуваат за него, не го посетуваат неговиот гроб во Босанска Дубица.
-Тоа е многу жално. Беше жално да се гледа тоа, а ние знаеме што е вистина. Тој е погребан тука. Никој од семејството не доаѓа. Спомен плочата ја подигна неговиот вујко, а не децата и поранешните жени. Тоа и го пишува на спомен плочата, раскажува госпоѓа од Босанска Дубица, која замолила да не се објавува нејзиниот идентитет.
– Порано пред околу 2 години, пријателот на Нино, Неша поставил на споменикот книга на која е напишана емотивна порака. Исто така и најверните фанови поставиле ѕвезда на која јасно се гледа. Се тоа не го направил никој од неговите, ништо не направило најблиското семејство, раскажала соговорничката.
Таа додаде дека неговите деца ни на погребот не дошле. Сега во октомври, му била годишнина и повторно никој не се појави
Да потсетиме, Амир Решиќ Нино почина во октомври 2007 година во болница во Бјелина, од заболување на панкреасот предизвикан од алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.