| четврток, 6 декември 2018 |

Мислите дека имате добра лозинка? Се лажете!

Telepathwords е алатка што ја развила екипата од лабораторијата на Microsoft Research, која со прилична доза на успешност ги погодува буквите кои следуваат во некоја лозинка. Освен користењето на солидна база на податоци, која содржи и „најчесто користени“ конструкции, алатката успешно ги искористува и вообичаените фрази – и тоа не само оние пишувани со „нормални“ знаци, туку и секвенците со кои корисникот типка на тастатурата.

Алатката истовремено дава и корисни совети, како информирање на корисниците дека напаѓачите обично знаат да ја заменат буквата ‘t’ со бројот ’7’ (и сл.) такашто и тоа не е потполно безбедно решение, како што открива и илустрацијата подолу. Со помош на Telepathwords интернаутите лесно можат да проверат дали им се лозинките премногу „предвидливи“ на напаѓачите, но истражувачите напоменуваат дека не е можно во потполност да се предвидат „слабите“ лозинки од повеќе причини.

Напаѓачите можат да имаат многу повеќе информации за корисникот (име, домашни миленици, годишница, итн.) отколку самиот систем на Telepathwords и врз основа на тоа можат полесно да ја пробијат лозинката. Од друга страна, Telepathwords функционира само со зборови и фрази на англиски јазик, а тешко ги препознава и поновите додатоци во речниците откако е составена базата.

‘За да го погодиме следниот знак што ќе го запише корисникот, испраќаме знаци кои се веќе запишани на нашиот систем за предвидување. Тој користи база на податоци од вообичаени лозинки, фрази и сл. што е премногу за испраќање на секој кориснички сметач’, пишува Microsoft Research на страницата Telepathwords. Страв дека тие тестирани лозинки ќе бидат искористени, сепак нема, затоа што системот активно ги шифрира податоците пред да бидат воопшто испратени на серверите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top