Nationwide е финансиска компанија која истражува нови начини на верификација и авторизација, тестирајќи нови методи за пристап до вашата банкарска сметка, врз основа на тоа како користите телефонот – од тоа како го држите до брзината со која пишувате, пишува порталот „Банкарство.мк“.
Со цели 70 одсто од нас кои се жалиме дека не паметиме лозинки (да ја обвиниме дигиталната амнезија) не е ни чудо што луѓето што се занимаваат со технологија пробуваат да најдат нови и подобри начини за тоа.
Во Општествената иновативна лабораторија, се пробуваат нови начини со кои нашите информаици ќе бидат побезбедни а се т.н. бихејвиористички биометрици. Тоа се единствени начини со кои ние имаме интеракција со нашите телефони.
Овој прототип е развиен од страна на Behaviosec, (која воедно се наоѓа на листата 50 hottest fintech startups) и Unisys, и тоа по шест месеци работа на проектот.
„Бихејвиористичките биометрици ги следат шемите и навиките кои се единствени за секој корисник – секој го држи и работи телефонот на различен начин. Прототипот ни дава возбудлив увид во тоа што може иднината да ни донесе, а тоа ни помага да најдеме нови начини со кои би го подобриле мобилното банкарско искуство“ – вели шефот за иновации во Nationwide, Џејмс Смит.
Според анкетата на Nationwide, 60% од луѓето сметаат дека за 10 години телефоните ќе имаат можност да ја скенираат нашата зеница, додека 30% сметаат дека ќе биде потребно да ни биде скенирано цело лице.
Но, Nationwide не се единствено кои се “обложуваат“ на биометрици. Наскоро корисниците на HSBC и First Direct ќе добијат пристап до нивните сметки преку препознавање на глас и отпечаток од прст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.