Кристијано Роналдо во врска е со 22-годишната Шпанка, Георгина Родригез, која редовно го следи на секој натпревар.
Додека работеше во бутик на Гучи оствари блиско пријателство со Алваро Каладо со кој остана во многу добри односи. Откако Каладо објави фотографии на Инстаграм со убавата Герогина, многу обожаватели го тагираа Роналдо за да му го свртат внимането на оваа фотографија.
Така многумина упатиле шеговити пораки: „Роналдо мора да знаеш што девојката ти прави, носи ја секогаш во џеб, тоа ти е мој совет, беше една од нив.
После лавината коментарите се јави и познатиот фудбалер: „Внимателно:):):)“, напиша во својот коментар и ги воодушеви обожавателите.
Дека тие се вљубени докажаа на доделувањето на Златна топка на ФИФА во јануари кога Роналдо беше прогласен за најдобар играч на годината и Георгина за таа прилика позираше со неговиот син.
Двојката својата врска јавно ја објави во ноември минатата година кога се појавија заедно во Дизниленд во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.