| четврток, 6 декември 2018 |

Голем хуманитарен фестивал в недела во МКЦ со „Фолтин“, „Темпера“, Гоце САФ, Тони Зен

В недела, 26 февруари од 20 часот во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи големиот хуманитарен концерт „ФрендстуФрендс“ (Friends2Friends) со поддршка на граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“.

На сцената на МКЦ за симболична цена на картата од 100 денари во претпродажба и 200 на врата ќе можат во живо да се слушнат „Фолтин“, „Темпера“, Диџеј Гоце САФ, диџеј Чваре, Тони Зен, Милко, „Мугер Фугер“, Сетстат, Алтер Виво Јаничари, Conquering Lion.

Мотив за организирање на настанот е пожарот кој се случи зимава во „Макотекс“ во кој изгореа инструментите и студиото на голем број музичари. Зградата на „Макотекс“ беше позната како објект во кој твореше и снимаше скопската алтернативна и рок сцена. По пожарот следеше и поплава која што ја уништи архивата на бендовите кои што со децении ја создаваа. Со купување на карта за овој голем фестивал ќе им се овозможи на музичарите да набават нова опрема и да продолжат да творат и да создаваат култура.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top