Полицијата интензивнo трага по двегодишно девојче од кичевското село Кленоец, кое вчера семејството го пријавило за исчезнато. Според неофицијалните информации на „Алфа“, семејството пријавило дека во текот на вчерашниот ден вујкото на сега исчезнатото девојче, на возраст од 32 години, го земал детето и четири години постарата сестричка и ги однел на прошетка од селото Кленоец до селото Извор, кои се оддалечени 1,8 километри.
Кај местото викано Јарбол двегодишното девојче му кажало на вујко си дека е уморно и не може повеќе да оди. Тој го оставил детето на планинскиот пат, а со другата повозрасна внука продолжил кон селото Извор. По еден час, вујкото со постарата внука се вратил на местото каде што го оставил двегодишното девојче, но тоа веќе не било таму. Мислејќи дека е дома се вратиле кон Кленоец, но детето никаде го немало. Семејството го пријавило случајот в полиција дури во 20.50 часот. Полицијата веднаш формирала повеќе тимови и тргнале во потрага, освен околината, пребарувале и во напуштени куќи до доцна во ноќта. Утринава потрагата по девојчето продолжи.
Во меѓуврем,е на социјалните мрежи интензивно се споделува информација дека се бара девојче на возраст од 2 години кое е од село Кленоец (Кичево) по име Наде. Има долга руса коса, облеченао е во бели чевли, шаренa блуза и носи детско ранче со розова боја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.