| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ја почна федерализацијата на Македонија

Зо­ран За­ев, од Ма­ла Ре­чи­ца, и офи­ци­јал­но го нај­а­ви по­че­то­кот на ре­а­ли­за­ци­ја­та на пла­нот за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та. Без ни­ка­кви кон­сул­та­ции со членс­тво­то, без под­др­шка од гла­са­чи­те и да­ле­ку од очи­те на јав­но­ста, се впу­шти во опас­на аван­ту­ра ре­ша­вај­ќи се сам да ја крои суд­би­на­та на Ма­ке­до­ни­ја и на Ма­ке­дон­ци­те

Из­ја­ви­те и ин­фор­ма­ци­и­те што прет­хо­деа и сле­ду­ваа на сред­ба­та на Зо­ран За­ев со Али Ах­ме­ти во Ма­ла Ре­чи­ца са­мо ги по­твр­ди нај­а­ви­те де­ка се ра­бо­ти на ис­пол­ну­ва­ње на до­го­во­ре­ни­те фа­зи за фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та на др­жа­ва­та, ко­ја вр­ху­шка­та на СДСМ и парт­не­ри­те од Бе­са ја на­ре­ку­ваа „ре­де­фи­ни­ра­ње“, а за што „Ре­пуб­ли­ка“ пре­ду­пре­ду­ва­ше уште од април ми­на­та­та го­ди­на.

„Ре­пуб­ли­ка“ об­ја­ви де­ка про­це­сот на фе­де­ра­ли­за­ци­ја е поч­нат и де­ка За­ев ја има за­ло­же­но уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та. Уште то­гаш пи­шу­вав­ме де­ка про­це­сот за кој уште то­гаш има­ше „бе­са“ од За­ев, ќе се од­ви­ва во три фа­зи, кои ќе се во­ве­ду­ва­ат и ис­пол­ну­ва­ат етап­но во след­ни­те не­кол­ку го­ди­ни.

Фа­за 1
Со пр­ва­та фа­за е оп­фа­те­на зго­ле­ме­на упо­тре­ба на ал­бан­ски­от ја­зик ка­ко офи­ци­ја­лен ја­зик, пр­во во без­бед­нос­ни­от се­ктор и во ин­сти­ту­ци­и­те, пред сѐ во по­ли­ци­ја­та и во ар­ми­ја­та, но и по­дел­ба по фе­де­рал­ни еди­ни­ци, кан­то­ни, од­нос­но раз­ви­ва­ње на оп­шти­ни­те во „по­на­пре­ден си­стем на са­мо­у­пра­ву­ва­ње“.

Фа­за 2
Во вто­ра­та фа­за тре­ба да се во­ве­де дво­ја­зич­ност на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на др­жа­ва­та. Во­ед­но, на ал­бан­ски­те пар­тии при „по­дел­ба на ко­ла­чот на вла­ста“ им се ну­дат ин­сти­ту­ции и функ­ции. Од ед­на стра­на, ве­те­ни се функ­ции ка­ко пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то, пре­ми­ер или пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та. Пре­ку ин­сти­ту­ци­и­те, пак, ќе би­дат до­де­ле­ни без­бед­нос­ни­те ре­со­ри МВР, по­тоа ДБК, БЈБ, ка­ко и фи­нан­си­ски­те стол­бо­ви УЈП, Ца­ри­на­та… Во оваа фа­за би тре­ба­ло да се од­ви­ва и ад­ми­ни­стра­тив­но по­вр­зу­ва­ње на фе­де­рал­ни­те еди­ни­ци.

Фа­за 3
Тре­та­та фа­за би зна­че­ла са­мо фор­ма­ли­зи­ра­ње на фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та на др­жа­ва­та.

 

По­че­ток на фа­зи­те

По­ра­ки­те што беа ис­пра­те­ни од Ма­ла Ре­чи­ца, по сред­ба­та на За­ев и на Ах­ме­ти, во­дат ток­му кон ре­а­ли­за­ци­ја на пр­ва­та фа­за. Но, кол­ку и да се оби­ду­ва се­га За­ев „да се др­жи“ до Уста­вот, пред јав­но­ста из­ле­гу­ва­ат раз­ли­ки­те во тол­ку­ва­ња­та за тоа што е, а што не е устав­но, за што За­ев, тол­ку ело­квент­но по­со­чи де­ка не е сѐ за­тво­ре­но „ако оста­нат отво­ре­ни ду­ри и одре­де­ни пра­ша­ња…“ и де­ка и на­та­му ќе се де­ба­ти­ра за упо­тре­ба­та на ја­зи­кот. Се­пак, глав­на­та по­ра­ка што ја упа­ти За­ев од Ма­ла Ре­чи­ца е де­ка се за­тво­ре­ни пра­ша­ња­та ме­ѓу се­ал­бан­ска­та пла­тфор­ма и пла­тфор­ма­та со ко­ја За­ев во из­бор­на­та тр­ка нај­а­ву­ва­ше дво­ја­зич­ност и кан­то­ни­за­ци­ја. Ток­му во таа на­со­ка, но и во на­со­ка на етап­но­то спро­ве­ду­ва­ње на по­дел­ба­та од пр­ва­та фа­за, од пред шта­бот на ДУИ За­ев на­бро­ја де­ка се раз­го­ва­ра­ло за ја­зи­кот и за пре­рас­пре­дел­ба на бу­џе­тот, од­нос­но, ка­ко што ве­ли За­ев, „устав­ни ре­ше­ни­ја во функ­ци­ја на но­ви­от за­кон за упо­тре­ба на ја­зи­ци­те, кој тре­ба да се до­не­се“.

За­е­ви­от акту­е­лен обид да по­ка­же по­чит кон Уста­вот, се­пак, е по­и­на­ков од тоа што го нај­а­ву­ва­ат дру­ги­те не­го­ви парт­не­ри, но не зна­чи де­ка не­ма да го сме­ни ста­вот во на­та­мош­ни­те фа­зи. Осо­бе­но што еден од тие што ра­бо­те­ле на ба­ра­ња­та на ДУИ, про­фе­со­рот Ос­ман Ка­дриу, са­ми­от по­со­чу­ва де­ка, спо­ред тоа за што бил кон­сул­ти­ран, се ба­ра ин­тер­вен­ци­ја во чле­нот 7 од Уста­вот, ка­де што ма­ке­дон­ски­от ја­зик се на­ве­ду­ва ка­ко офи­ци­ја­лен на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на зем­ја­та, а за офи­ци­ја­лен ја­зик и пис­мо се сме­та и ја­зи­кот што го го­во­рат нај­мал­ку 20 про­цен­ти од гра­ѓа­ни­те. Спо­ред Ка­дриу, во ба­ра­ња­та се наг­ла­су­ва де­ка во Уста­вот тре­ба да би­де на­ве­де­но де­ка ста­ну­ва збор за ал­бан­ски­от ја­зик.

За­ев во Ма­ла Ре­чи­ца откри и де­ка ги „ис­пег­ла­ле“ раз­ли­ки­те за раз­вој на оп­шти­ни­те, нив­но­то фи­нан­си­ра­ње и „по­на­пре­ден си­стем на са­мо­у­пра­ву­ва­ње“. По не­го­ви­те ве­ту­ва­ња од Швај­ца­ри­ја за кан­то­ни, нив­но функ­ци­о­ни­ра­ње и за тоа ка­ко би ги спро­вел во Ма­ке­до­ни­ја, за не­го не­ма проб­лем со иде­ја­та од ти­ран­ска­та пла­тфор­ма за рам­но­мер­на рас­пре­дел­ба на бу­џе­тот. Од­нос­но, па­ри­те од бу­џе­тот рам­но­мер­но да се по­де­лат по оп­шти­ни­те, за тие (ид­ни­те кан­то­ни) да ги ра­ко­во­дат ка­ко што зна­ат или, по­точ­но, ка­ко што са­ка­ат. Поз­на­то е ве­ќе де­ка За­ев по­ну­ди де­цен­тра­ли­за­ци­ја во ко­ја оп­шти­ни­те би има­ле и сво­ја по­ли­ци­ја и свое во­де­ње на ма­тич­на­та еви­ден­ци­ја, па не из­не­на­ду­ва до­да­вка­та де­ка тој со др­жав­ни па­ри би ја фи­нан­си­рал и нив­на­та „не­за­вис­ност“. Ду­ри и до­го­ва­рал „кон­трол­но те­ло“ за тоа ка­ко ќе се де­лат па­ри­те.

 

За­кон за отво­ра­ње на вто­ра­та фа­за

Иа­ко тој се­га пре­мол­чу­ва, пар­ти­и­те ги ин­фор­ми­ра­ат ме­ди­у­ми­те де­ка ме­ѓу глав­ни­те ба­ра­ња е упо­тре­ба­та на ја­зи­кот ток­му во без­бед­нос­ни­от си­стем, со ак­цент на тоа и амб­ле­ми­те на без­бед­нос­ни­те си­ли и ко­ман­да­та да би­дат дво­ја­зич­ни. Се­то тоа е на­ве­де­но во пр­ва­та фа­за од фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та.

Но, уште отсе­га, пре­ку до­го­во­ри­те за ид­но­то за­кон­ско ре­ше­ние за ја­зи­ци­те што се по­са­ку­ва, се пре­го­ва­ра и за де­ло­ви­те што за­фа­ќа­ат во вто­ра­та фа­за на фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та. Ка­дриу, еден од про­фе­со­ри­те што ДУИ ги кон­сул­ти­ра­ла за устав­но­ста на не­кои ба­ра­ња, ве­ли де­ка се ра­бо­ти за за­кон­ско ре­ше­ние за ја­зи­ци­те во кое се ба­ра дво­ја­зич­ни таб­ли на си­те др­жав­ни ин­сти­ту­ции, дво­ја­зич­ни па­то­ка­зи, пе­ча­ти, а ме­ди­у­ми­те до­да­ва­ат и дво­ја­зич­ни банк­но­ти.

За­ев, спо­ред Ка­дриу, „пег­лал“ за­кон со кој, до­кол­ку пре­тсе­да­ва­чот на Со­бра­ни­е­то е Ал­ба­нец, пле­нар­ни­те сед­ни­ци би се во­де­ле на ал­бан­ски ја­зик. Спо­ред исто­то ре­ше­ние, чле­но­ви­те што се ет­нич­ки Ал­бан­ци во Вла­да­та не са­мо што на сед­ни­ци­те ќе го­во­рат ал­бан­ски ја­зик, ту­ку и до­кол­ку пре­тсе­да­ва­чот на сед­ни­ца­та на Вла­да­та е ет­нич­ки Ал­ба­нец, таа ќе се во­ди на ал­бан­ски ја­зик. Од­нос­но, За­ев и не­го­ви­те пег­ла­ле ре­ше­ни­ја за вто­ра­та фа­за од не­го­во­то „ре­де­фи­ни­ра­ње“ до­го­во­ре­но со БЕ­СА.

И до­де­ка За­ев нас­ме­ан по­ра­чу­ва де­ка ра­бо­та­та за ја­зи­ци­те е за­вр­ше­на, ду­ри и Ос­ман Ка­дриу по­со­чу­ва де­ка нај­проб­ле­ма­тич­но би­ло ба­ра­ње­то за ал­бан­ски ја­зик во суд­ска­та власт и овоз­мо­жу­ва­ње суд­ска по­стап­ка да се во­ди на ал­бан­ски ја­зик. И се­га ал­бан­ски­от ја­зик во судс­тво­то се ко­ри­сти до­кол­ку не­кој од учес­ни­ци­те во по­стап­ка­та е ет­нич­ки Ал­ба­не­ц. Но, ба­ра­ње­то да се во­ди по­стап­ка на ал­бан­ски ја­зик не е ни­што дру­го, ту­ку фор­ми­ра­ње па­ра­ле­лен суд­ски си­стем, кој би функ­ци­о­ни­рал са­мо на ал­бан­ски ја­зик, за да мо­же по­лес­но да се од­вои по фор­мал­на­та фе­де­ра­ли­за­ци­ја.

Ако не­ко­ј не мо­же да ги спои, пак, ба­ра­ња­та за ја­зи­кот и за по­дел­ба­та со бо­жем­на­та гри­жа за евро­ат­лан­ски­те на­пре­ду­ва­ња за кои се пре­го­ва­ра­ло, мо­ра да се раз­бе­ре де­ка тие слу­жат
ка­ко ма­ска за пог­ле­ди­те и од над­вор и од­на­тре де­ка ста­ну­ва збор за до­го­вор што ќе обез­бе­ди „прос­пе­ри­тет и ид­ни­на“, а не за но­ви дра­стич­ни по­дел­би.

 

За­ев, се­пак, ја „сви­тка кич­ма­та“

Ова пре­го­ва­ра­ње се­га за ал­бан­ски­те пот­пи­си што би му овоз­мо­жи­ле ман­дат на За­ев за фор­ми­ра­ње вла­да е про­дол­же­ние на не­го­во­то ве­ќе до­го­во­ре­но дејс­тву­ва­ње. За­ев и вр­ху­шка­та на СДСМ не­ма­ат по­тре­ба да глу­мат де­ка се­га „отво­ре­но раз­го­ва­ра­ат за проб­ле­ми­те и за иде­и­те“ би­деј­ќи про­це­сот за на­ру­шу­ва­ње на уни­тар­но­ста, кој си го на­ре­ку­ва­ат ре­де­фи­ни­ра­ње, им е поч­нат мно­гу по­ра­но. От­ту­ка, и си­те ид­ни че­ко­ри за „ре­де­фи­ни­ра­ње“ се од­на­пред де­фи­ни­ра­ни и за нив е да­де­на бе­са. За­ев со ва­кви­те, се­га јав­ни пре­го­ва­ра­ња на до­го­во­ре­но­то од Рам­ков­ни­от до­го­вор, на­не­су­ва огром­на и не­по­прав­ли­ва ште­та на уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та. Но, чо­ве­кот што пре­го­ва­ра за уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та ве­ќе е поз­нат по не­го­ва­та из­ја­ва де­ка „тре­ба не­кој­пат и да ‘сви­тка­ме кич­ма’“ ко­га се ма­ке­дон­ски­те ин­те­ре­си во пра­ша­ње.

Ко­га „Ре­пуб­ли­ка“ пред ед­на го­ди­на ги об­ја­ви фа­зи­те на про­це­сот на фе­де­ра­ли­за­ци­ја за што е да­де­на бе­са, на­пи­ша де­ка „Цвр­сти­на­та на ‘кич­ма­та’ 25 го­ди­ни го за­чу­ва уни­тар­ни­от ка­ра­ктер на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, но и дол­го­трај­но­ста на бор­ба­та за име­то и за ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. Неј­зи­на­та цвр­сти­на не ус­пеа да ја скр­ши ни­кој од над­вор. Сѐ до до­а­ѓа­ње­то на по­ли­тич­ка­та сце­на во Ма­ке­до­ни­ја на еден чо­век што за се­бе ве­ли де­ка е црп­нат од ни­ва од бо­га за да во­ди по це­на на сѐ“.

„Ви­тка­ње­то на кич­ма­та“ на кое се од­не­су­ва оваа оце­на, за жал, се­га се од­ви­ва пред очи­те на це­ла­та јав­ност.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 234. број на неделникот „Република“, 24.2.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top