| четврток, 6 декември 2018 |

За подбуцнувачите, мршојадците, крвопијците и за процесот на девалвација што го милуваат

Во еден по­се­бен, па­ра­ле­лен свет со искри­ве­ни стан­дар­ди, не­при­кос­но­ве­но и со де­це­нии вла­де­ат не­га­тив­ни­те и из­вр­ту­ва­чи­те. Хи­е­рар­хи­ски ви­со­ка, по­себ­на, „со­ле­но“ пла­те­на со­ци­јал­де­мо­крат­ска ка­ста што ег­зи­сти­ра пре­ку сен­за­ци­о­на­ли­стич­ко, же­сто­ко, до­бро ко­ор­ди­ни­ра­но и бе­скру­по­лоз­но ши­ре­ње про­па­ган­да. Де­серт им е де­вал­ва­ци­ја­та на про­тив­нич­ки­те пр­вен­ци, не­за­вис­но од ко­ја бран­ша се. Не мо­ра да сте во спро­тив­ни­от та­бор, до­вол­но е да има­те по­и­на­кво мис­ле­ње од про­па­ги­ра­но­то на СДСМ, а нај­го­лем грев е до­кол­ку тоа го со­оп­шту­ва­те ар­гу­мен­ти­ра­но. То­гаш, мр­шо­јад­ци­те и не­кро­фи­ли­те ста­пу­ва­ат на сце­на, а ау­ди­то­ри­у­мот, кој жи­вее во „ко­му­ни­стич­ка­та“ ма­три­ца, без лу­бри­кан­ти ги гол­та по­ну­де­ни­те по­вра­ќа­ни­ци. За­тоа што ги ис­пол­ну­ва, не­ли...

Ма­ке­до­ни­ја ја жи­вее 26. го­ди­на од не­за­вис­но­ста. Или, по­до­бро ка­жа­но, ја пре­жи­ву­ва. Сте се пра­ша­ле ли зо­што ја пре­жи­ву­ва­ме ме­сто да ја жи­ве­е­ме и ужи­ва­ме во неа? По­ра­ди со­се­ди­те ли? Има­ат до­бар дел во при­ка­ска­та, ама, ге­не­рал­но, не… Си­гур­но е до „до­маш­ни­те“га­ле­ни­чи­ња, ед­на тре­ни­ра­на тол­па, ко­ја со де­це­нии не­кој од­над­вор ја га­ли, ре­а­ни­ми­ра и ре­дов­но пот­хра­ну­ва со глу­по­сти.

Ре­ал­но, не­ли, ми­нав­ме по­ве­ќе од че­тврт век, те­жок и, во одре­де­ни де­ло­ви, ма­чен, па би тре­ба­ло да се от­пу­шти­ме мал­ку. Та­мам и др­жа­ва­та, еко­ном­ски најм­но­гу и на­стра­на нај­по­треб­но, трг­на во ви­стин­ска на­со­ка. Ама, не, не би­ва. Не­ко­му тоа, очиг­лед­но, не му од­го­ва­ра. Исто­ри­ја­та се по­вто­ру­ва ли по­вто­ру­ва на оваа поч­ва, ка­де што ед­на ма­ла гру­па „нес­по­соб­ни“, на­стр­ве­ни ели­ти­сти, по­ве­де­ни од ли­чен ин­те­рес, по­сто­ја­но стои на па­тот на ед­на це­ла на­ци­ја. Се­ка­ко, при­тоа по­ткре­пе­на од ед­на кон­стант­на гру­па под­др­жу­ва­чи, со­ци­јал­де­мо­крат­ски че­да со ис­пран мо­зок, скро­е­ни спо­ред по­тре­би­те на вр­ху­шка­та, за­вис­на од по­ну­де­ни­те илу­зи­ја и ла­га. Ин­те­рес­но е што оваа со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та гру­па, освен ра­ко­водс­тво­то, по­ве­ќе од две и пол де­це­нии е тол­ку лес­но ма­ни­пу­ли­ра­на од еден грст из­вр­ту­ва­чи и ома­ло­ва­жу­ва­чи на сѐ што не е соз­да­де­но на и за „Па­вел Ша­тев“.

Ка­ла­пот на ши­ре­ње­то глу­по­сти е ве­ќе одам­на над­ми­нат, за­ед­но со не­го­ва­та за­раз­ност, но не и не­го­ви­от рок на упо­тре­ба, кој, очиг­лед­но, е без­вре­мен­ски и си­гур­но по­ми­ну­ва кај ед­на стан­дард­на „гра­ѓан­ска“ кон­сте­ла­ци­ја. Па­ра­до­ксал­но, но ток­му кај не­пис­ме­ни­те „се­ла­ни и сто­ка“ е одам­на про­чи­та­но сце­на­рио. Но, ова се ина­кви, ма­зо­хи­стич­ки ти­по­ви, кои, ед­но­став­но, ужи­ва­ат ко­га не­кој им про­да­ва „те­сти­си за бу­бре­зи“ и кои би пад­на­ле во де­пре­си­ја и кри­за ко­га би пре­ста­на­ла во­о­би­ча­е­на­та днев­на до­за на исти­те бу­да­ла­шти­ни. Ја зна­е­те таа те­о­ри­ја де­ка љу­бо­вта, всуш­ност, е са­мо пу­ста на­ви­ка. Е таа те­о­ри­ја, кол­ку и да е па­те­тич­на и не­ло­гич­на, до­бро по­ми­ну­ва во Ма­ке­до­ни­ја, об­јас­ну­вај­ќи ја ег­зи­стен­ци­ја­та на ед­на уште по­па­те­тич­на пар­ти­ја и не­из­мер­на­та љу­бов и оправ­ду­ва­ње за се­кој иди­от­ски по­тег од под­др­жу­ва­чи­те. Уште по­ве­ро­јат­но, се ра­бо­ти за Сток­холм­ски­от син­дром, ко­га за­лож­ни­ци­те се по­и­сто­ве­ту­ва­ат со кид­на­пе­ри­те и ги оправ­ду­ва­ат нив­ни­те по­стап­ки.

analiza234-2

Светот на грдата и лажлива социјалдемократска матрица

„Ма­трикс“ или „Ма­три­ца“ е филм што збо­ру­ва за лаж­ни­от свет во кој жи­вее чо­веш­тво­то во ид­ни­на­та, стро­го кон­тро­ли­ран од ма­ши­ни­те што соз­да­ва­ат пре­крас­на илу­зи­ја за ви­сти­ни­тост на еги­стен­ци­ја­та. Зна­е­те, ко­га дел од ли­ко­ви­те во фил­мот го сфа­ти­ја ова, са­каа да се вра­тат во ма­три­ца­та, за­тоа што ре­ал­но­ста и не бе­ше тол­ку ро­зо­ва. Во неа тре­ба­ше да се бо­рат за по­до­бар жи­вот.

Ар­но ама, ед­на иста та­ква ма­три­ца се соз­да­де и во Ма­ке­до­ни­ја. Ов­де, ед­на над­во­реш­но пот­по­мог­на­та гру­па од де­се­ти­на не­та­лен­ти­ра­ни илу­зи­о­ни­сти и из­вр­ту­ва­чи ста­ви под сво­ја кон­тро­ла мно­гу ил­ја­ди гра­ѓа­ни, кои, про­сто, ужи­ва­ат во нив­на­та при­ка­ска. Во неа, тие се нај­у­ба­ви­те, нај­па­мет­ни­те, нај­по­са­ку­ва­ни­те…

Евтин филм, кој до­бро се про­да­ва во Ма­ке­до­ни­ја и кој фан­та­стич­но по­ми­на кај си­те тие што по­са­ку­ва­ат ва­кви из­мис­ле­ни атри­бу­ти. Во ре­ал­на­та Ма­ке­до­ни­ја, пак, ка­де што тре­ба да сра­бо­тат за да за­ра­бо­тат, да се по­тру­дат за да ус­пе­ат и да се из­ма­чат за да одат на­пред, овие со­ци­јал­де­мо­крат­ски ша­ре­но­бој­ни че­да се раз­о­ча­ра­ни, ни­кој не им обр­ну­ва вни­ма­ние, ни­кој не го пре­поз­на­ва нив­ни­от „огро­мен“ по­тен­ци­јал, ни­ту им приз­на­ва де­ка се нај­у­ба­ви, нај­ум­ни и нај­по­са­ку­ва­ни. За­тоа, тие не им ве­ру­ва­ат на „дру­ги­те“, кои та­ка ги опре­де­ли­ја и обе­ле­жи­ја ток­му нив­ни­те мен­то­ри и ју­риш­ни­ци. Та­ка, тие дру­ги­те ла­жеа де­ка За­ев е во Берн и ну­ди и со две ра­це про­да­ва дво­ја­зич­ност, де­ка ја бен­ди­сал фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та на Швај­ца­ри­ја, де­ка сре­де еми­си­ја ве­тил и отво­ра­ње на Уста­вот… Во нив­на­та ма­три­ца, скро­е­на и сток­ме­на са­мо за нив, ко­жа во ко­ја се чув­ству­ва­ат нат­про­сеч­но и над­ма­ке­дон­ски уба­во, ви­сти­на­та е по­и­на­ква, па за­тоа и не им ве­ру­ваа на збо­ро­ви­те што из­ле­гу­ваа од уста­та на нив­ни­от ли­дер. На­тсин­хо­ри­ни­за­ци­ја­та ја из­вр­ши­ја на „Па­вел Ша­тев“ (ве­ро­јат­но со гла­со­ви­те на Ри­стиќ и на Та­сев­ски), па им заз­ву­чи по­и­на­ку, ми­лоз­вуч­но, не­ба­ре пее за ус­пе­си­те на Ма­ке­до­ни­ја и на Ма­ке­до­не­цот. А тоа да ти би­ла ба­ла­да, ко­ја ин­стру­и­ра­ни­те не ја раз­браа и не ја раз­би­ра­ат, за­тоа што не им од­го­ва­ра…

 

Партија во која владеат извртувачите и мршојадците

Со де­це­нии ед­на иста пар­ти­ја функ­ци­о­ни­ра спо­ред ед­на иста ма­три­ца. Гр­да, но уста­но­ве­на, ма­три­ца што вле­зе во сво­е­то креш­чен­до. Во тој свој зе­нит, свес­но и со умис­ла, ед­на пос­тко­му­ни­стич­ка твор­ба ве­ќе тре­та го­ди­на по ред ин­тен­зив­но ја гло­да ид­ни­на­та на сопс­тве­на­та зем­ја. Најм­но­гу и за­тоа што не ја ни чув­ству­ва за сво­ја, а и за­тоа што та­ка им ка­жа­ле од над­вор. Уште по­страш­но, за­тоа што жа­ли по власт. За овие три го­ди­ни, иста­та таа пар­ти­ска „на­пра­ва“, пре­ку сво­и­те без­о­браз­ни дејс­тва ја вра­ти др­жа­ва­та на­зад за де­се­ти­ци го­ди­ни. Бе­скру­по­лоз­но и без срам, пер­де и дру­ги сал­та­на­ти, иста­та таа ан­ти­на­ци­о­нал­на стру­кту­ра удри по те­ме­ли­те на сопс­тве­на­та на­ци­ја, иден­ти­тет, ја­зик и др­жа­ва. Та­му ка­де што „вла­ста ги оправ­ду­ва средс­тва­та“, очиг­лед­но, не­ма про­стор за ком­про­мис. За на­ци­о­нал­но чув­ство, уште по­мал­ку.

Во тој по­се­бен свет со искри­ве­ни стан­дар­ди, кои се до­бри са­мо до­кол­ку се на­мет­на­ти и одо­бре­ни од нив, вла­де­ат не­га­тив­ни­те и из­вр­ту­ва­чи­те. Хи­е­рар­хи­ски ви­со­ка, по­себ­на, „со­ле­но“ пла­те­на со­ци­јал­де­мо­крат­ска ка­ста, ко­ја ег­зи­сти­ра пре­ку сен­за­ци­о­на­ли­стич­ко, же­сто­ко, до­бро ко­ор­ди­ни­ра­но и бе­скру­по­лоз­но ши­ре­ње про­па­ган­да. Од раз­ли­чен тип. Во­де­ни се од ед­на единс­тве­на пре­ми­са – сто па­ти по­вто­ре­на­та ла­га ста­ну­ва ви­сти­на. Та­ка, ко­га се ра­бо­ти за број­ки, ед­но од­де­ле­ние (кај ча­до­рот) ги из­мис­лу­ва, дру­го што мо­же по­сен­за­ци­о­на­ли­стич­ки ги па­ку­ва, а тре­то­то пре­ку Со­ро­со­ви­те ме­ди­у­ми и пер­а ги ши­ри пре­ку сво­и­те ка­на­ли, мре­жи, ба­ри и мо­чу­ри­шта. Зна­е­те, 500.000 фан­то­ми, 600.000 рас­е­ле­ни, не­по­стој­на по­бе­да со 612.00 гла­со­ви на из­бо­ри­те итн. И та­ка, „верг­ла­ат ли верг­ла­ат“, нон­стоп. Аман…

Де­серт, пак, им е де­вал­ва­ци­ја­та на про­тив­нич­ки­те пр­вен­ци, не­за­вис­но од ко­ја бран­ша се. Не мо­ра да сте во спро­тив­ни­от та­бор, до­вол­но е да има­те по­и­на­кво мис­ле­ње од про­па­ги­ра­но­то од СДСМ, а нај­го­лем грев е до­кол­ку тоа ар­гу­мен­ти­ра­но го со­оп­шту­ва­те. То­гаш, не ви бе­га ма­кси­мал­но „наб­љу­ду­ва­ње“ од мр­шо­јад­ци­те, по­тка­ста на спо­ме­на­та­та, из­вр­ши­те­ли што ќе го дем­нат се­кој ваш че­кор и збор и ќе жи­ве­ат за шан­са да го из­вр­тат и зло­у­по­тре­бат ка­жа­но­то. А лу­ѓе­то се лу­ѓе, па ко­га и да е, ќе ка­жат не­што, не мо­ра ни по­греш­но. До­вол­но е да би­де двоз­нач­но. Па и да не е, ќе го до­об­ли­ку­ва­ат, исфи­лу­ва­ат и на­пра­ват да би­де. Сѐ за сво­и­те по­тре­би и по­са­ку­ва­ни­от ефект за „ча­до­рот“, кој тоа сил­но го це­ни и уште по­до­бро го пла­ќа. Про­ве­ре­но…

Во се­кое вре­ме, во три сме­ни, има­те не­кол­ку од­де­ле­ни­ја на ва­кви про­фе­си­о­нал­ни мр­шо­јад­ци, кои буд­но во ја­то го сле­дат дви­же­ње­то и збо­ро­ви­те на про­тив­нич­ки­те пр­вен­ци. Дру­ги­те по­бра­ти­ми по про­фе­си­о­нал­ност, пак, тоа го пра­ват од зем­ја, во глут­ни­ца. По­кри­ва­ат сѐ за, не дај бо­же, да не про­пу­штат не­ко­ја двоз­нач­на ре­че­ни­ца или гри­ма­са, „ми­нус“ кој мо­же да ги чи­ни мно­гу ска­по при след­ни­от ам­ба­са­дор­ски грант за „сло­бо­да­та“ на ме­ди­у­ми­те. Впро­чем, ко­га по­до­бро ќе раз­мис­ли­те, тоа и е сло­бо­да, ви­стин­ски рај за нап­ла­та, до­лар­ска нир­ва­на од пу­сто ко­ри­сте­ње не­чи­ја при­род­на дар­ба. Ла­жат, ку­дат, се­чат, из­вр­ту­ва­ат и при­тоа ги ко­ри­стат са­мо сво­и­те не­кро­фил­ски и мр­шо­јад­ски спо­соб­но­сти, а за воз­врат до­би­ва­ат бас­нос­лов­но мно­гу „приз­на­ни­ја“. На­стра­на, зе­ле­ни…

На овие не­до­вет­ни че­да воз­љу­бе­ни во Со­ро­со­ва­та ка­са, нај­го­ле­ма сла­бост им е де­вал­ва­ци­ја­та на лич­но­ста. Ко­ја и да е, ка­ква и да е. По­ли­ти­чар, про­фе­сор, дип­ло­мат, актер, но­ви­нар, су­ди­ја, об­ви­ни­тел, по­ли­ца­ец. Па и хи­ги­е­ни­чар да е, ако им пре­чи на ка­у­за­та, мо­ра да се ома­ло­ва­жи, ма­кси­мал­но. При­тоа, дејс­тву­ва­ат обрат­но про­пор­ци­о­нал­но (да, за „обрат­но“ зна­ат си­те). Кол­ку што е по­го­лем не­го­ви­от реј­тинг кај гра­ѓа­ни­те и кол­ку што е по­сил­на не­го­ва­та ар­гу­мен­та­ци­ја на нив­ни­те глу­по­сти, тол­ку е и по­ви­со­ка це­на­та за ус­пе­хот на не­го­ва де­вал­ва­ци­ја. Не, не во сре­бре­ни­ци, овие че­да мно­гу до­бро зна­ат де­ка сре­бро­то сла­бо стои на па­за­рот, па си нап­ла­ќа­ат во по­исп­лат­ли­ви ме­та­ли. Не мо­ра да би­дат бла­го­род­ни, де­ка не со­од­вет­ству­ва­ат со нив­на­та ду­ша…

Уште по­ин­те­ре­сен е фе­но­ме­нот на по­дат­ли­во­ста на овие ома­ло­ва­жу­вач­ки ак­ции кај из­бра­ни­от ау­ди­то­ри­ум, кој со огро­мен ќеф и без лу­бри­кан­ти ги до­че­ку­ва и гол­та овие тре­ток­лас­ни по­вра­ќа­ни­ци. Де­ка ги ис­пол­ну­ва…

analiza234-3

Чуму соросоидите удрија по Јовановски?

Вла­до Јо­ва­нов­ски бе­ше са­мо пос­лед­ни­от во ни­за­та, ве­ру­вај­те, со га­ран­ци­ја, при­ка­ска­та ќе има про­дол­же­ние. Пред ка­но­на­да­та на про­фе­си­о­нал­ни­те мр­шо­јад­ци, чо­ве­кот, на­ви­сти­на, згре­ши, има­ше фан­та­стич­но ин­терв­ју на ТВ „Но­ва“, пол­но со ма­ке­дон­шти­на. Се­ри­оз­на гре­шка. Ако се сом­не­ва­те, еве са­мо мал дел од по­ен­ти­те на Јо­ва­нов­ски во еми­си­ја­та „Око“ на Пе­тре­ски. „Ако др­жа­ва­та е обезг­ла­ве­на, оста­ну­ва гра­ѓа­ни­те да ја зе­мат прав­да­та во свои ра­це“. Или: „Не може секој да ни попува за демократија, да се меша во внатрешната политика и да ги извртува фактите“. Мо­же­би, се­пак, најм­но­гу ги на­вре­ди не­го­ви­от ко­мен­тар за бел­ги­ски­от пал­ја­чо и иди­от Пи­тер Ван­ха­у­те, кој на мно­гу ша­ре­ни че­да им е идол и гу­ру, а ко­му Јо­ва­нов­ски пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи му по­ра­ча: „Ван­ха­у­те да си ба­ра ша­ре­но џам­че“. Стра­шен грев, кој го ис­праа со пос­лед­на­та „про­фе­си­о­нал­на“ офан­зи­ва на не­до­вет­ни­те. Да, исти­те тие што во ста­ту­сот на Вла­до из­мис­ли­ја вој­на и се рас­па­ме­ти­ја, а ед­но­вре­ме­но за те­ро­ри­сти­те од Ди­во На­се­ље пи­шаа де­ка дош­ле да др­жат прес-кон­фе­рен­ци­ја. И ја откри­ја Аме­ри­ка. Да, ма­ке­дон­ски про­фе­си­о­нал­ни ино­ва­то­ри на кои Тес­ла, Еди­сон, па и Га­ли­лео мо­же да им по­за­ви­ди. Прв­пат во исто­ри­ја­та, све­тот чу де­ка „ка­лаш­ни­ков“ е дел од „про­фе­си­о­нал­на“ опре­ма за од­др­жу­ва­ње прес-кон­фе­рен­ции. Кол­ку по­ве­ќе, тол­ку по­до­бар звук и сли­ка?! Абре иди­о­ти ни­за­ед­ни, исти­те тие „тон­ци“ и те­ро­ри­сти што дој­доа за да се „сли­ка­ат“ на прес-кон­фе­рен­ци­ја ви уби­ја осум по­ли­цај­ци, бра­ни­те­ли, кои беа не­чии та­тков­ци, си­но­ви, бра­ќа и дру­га­ри. Абре Ма­ке­дон­че, под­вид на ед­на на­ци­ја, ма­кар и про­фе­си­о­нал­но. Мно­гу е, ма­кар и за тие па­ри…

Но кон­су­мен­ти­те на ва­кви­те по­вра­ќа­ни­ци и иди­от­ски ра­бо­ти мо­жат да би­дат мир­ни. Во­оп­што не­ка не се гри­жат, мр­шо­јад­ци­те ќе про­дол­жат да ги опс­лу­жу­ва­ат со из­вр­ту­вач­ки­те спе­ци­ја­ли­те­ти на де­вал­ва­ци­ја на дру­ги раз­бу­де­ни че­да, тие од ро­дот Ма­ке­дон­ци, кои не са­ка­ат про­ме­на на име, зна­ме, хим­на, друг ја­зик итн. Си­гур­на цел е след­ни­от Ма­ке­до­нец или Ма­ке­дон­ка што ќе се дрз­не да удри по не­кое нив­но дејс­тво. Кол­ку ќе би­де по­ус­пе­шен им­па­ктот на Ма­ке­до­не­цот, тол­ку ре­ак­ци­ја на мр­шо­ја­де­цот ќе би­де по­су­ро­ва и по­о­ма­ло­ва­жу­вач­ка за ка­тар­зи­чен ќеф на Ма­ке­дон­че­то.

Ти­пу­вај­те, кој ќе би­де след­ни­от? За нив­на го­ле­ма жал, има мно­гу кан­ди­да­ти, це­ла пле­ја­да Ма­ке­дон­ци, ко­ја си ги са­ка др­жа­ва­та и на­ци­ја­та и си ги по­чи­ту­ва исто­ри­ја­та и иден­ти­те­тот. Бла­го­да­ре­ние, пак, на де­це­ни­ска­та под­ло­же­ност на ин­до­ктри­на­ци­ја од из­вр­ту­ва­чи­те, дел од на­ци­ја­та ги вос­при­е­ма овие пра­вед­ни­ци ка­ко за­ста­ре­ни, ана­хро­ни изро­ди. Да, крај­но вре­ме е не­кој да им ја сме­ни ди­оп­три­ја­та и да ги из­не­се од на­мет­на­та илу­зи­ја и ма­три­ца. Кол­ку и ре­ал­но­ста да би­де бол­на за нив. И тре­ба да бо­ли. Мо­же­би са­мо та­ка ќе сфа­тат де­ка се жи­ви, на­стра­на пре­ла­жа­ни. Ма­ке­дон­ци…

 

Каракамишева-Јовановска: Идентични соросови локални врескачи и подбуцнувачки групирања

Tanja-Karakamiseva-analizaСта­ну­ва збор за кла­сич­ни пла­те­ни­ци, истре­ни­ра­ни „ку­чи­ња“, кои по ко­ман­да од не­кол­ку лу­ѓе во СДСМ хор­ски, здру­же­ни во ор­да се сас­ну­ва­ат на се­ко­го што мис­ли, збо­ру­ва и раз­мис­лу­ва по­и­на­ку од нив­ни­от то­та­ли­та­рен и пла­те­нич­ки за­ро­бен ум, ве­ли проф. д-р Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва – Јо­ва­нов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, ко­ја мно­гу па­ти на сво­ја ко­жа го има по­чув­ству­ва­но гне­вот на овие не­до­вет­ни из­вр­ту­ва­чи и мр­шо­јад­ци.

Каракамишева-Јовановска: Жал­но е што во нај­го­лем дел ста­ну­ва збор за ин­до­ктри­ни­ра­ни мла­ди лу­ѓе, кои, дел свес­но, дел не­свес­но, одам­на се фа­те­ни во мре­жа­та на ед­но­ум­на­та про­па­ган­да и кои слу­жат ка­ко кла­сич­на ала­тка за из­вр­шу­ва­ње на на­ред­би­те да­де­ни од по­ви­со­ки­те пар­ти­ски стру­кту­ри. А тие, пак, нај­ви­со­ки­те сдсмов­ски стру­кту­ри одам­на функ­ци­о­ни­ра­ат ка­ко кла­сич­ни ма­ри­о­не­ти на стран­ски­от сце­на­рист. Це­ли­от си­стем на ма­ри­о­нет­ска прет­ста­ва што ни се слу­чу­ва пред на­ши­те очи, а од ко­ја жр­тва сме си­те што мис­ли­ме со сопс­тве­ни гла­ви, и што од­би­ва­ме да би­де­ме ста­ве­ни во уло­га на ре­кви­зи­ти и су­по­зи­то­рии во нив­на­та прет­ста­ва, е до­бро изре­жи­ра­на ма­ши­не­ри­ја, ко­ја иден­тич­но функ­ци­о­ни­ра на­се­ка­де во све­тот, по­себ­но та­му ка­де што сце­на­ри­стот Со­рос има кон­крет­ни ин­те­ре­си и по­тре­би.

На иден­ти­чен на­чин се­ка­де во зо­ни­те на ин­те­рес на Со­рос се соз­да­ва­ат иден­тич­ни ло­кал­ни вре­скач­ки и под­буц­ну­вач­ки гру­пи, чи­ја­што единс­тве­на цел на дејс­тву­ва­ње е да ги ома­ло­ва­жу­ва, да ги ди­скри­ми­ни­ра, да ги оцр­ну­ва и ди­скре­ди­ти­ра си­те тие што мис­лат раз­лич­но од ор­да­та. Ако ги пог­лед­не­ме вре­скач­ки­те ор­ди што де­мон­стри­ра­ат про­тив по­ли­ти­ка­та на Трамп, про­тив по­ли­ти­ка­та на Ор­бан, па и про­тив Гру­ев­ски и нив­ни­те исто­мис­ле­ни­ци вед­наш мо­же да се ви­ди де­ка се ра­бо­ти за иста ма­три­ца, иста шко­ла, иден­тич­ни при­рач­ни­ци за бр­зи обу­ки и исти фра­зи и по­грд­ни збо­ро­ви за ома­ло­ва­жу­ва­ње и за ис­ме­ва­ње важ­ни по­ли­тич­ки лич­но­сти. Исти­от ор­ке­стри­ран на­пад го до­би­ва­ат и си­те тие што има­ат сопс­твен, ин­ди­ви­ду­а­лен став и раз­мис­лу­ва­ње раз­лич­но од нив­ни­от збир на не­ка­кви „идеи“ што го со­чи­ну­ва­ат нив­но­то ор­ке­стри­ра­но то­та­ли­тар­но и мен­тал­но лу­ди­ло.

Со­ци­јал­ни­те мре­жи се нив­ни­от мег­дан за­тоа што, скри­е­ни во сво­и­те со­би, со та­ста­ту­ра­та пред се­бе, се чув­ству­ва­ат нај­сил­ни. Ако не се пред та­ста­ту­ра, то­гаш пре­фе­ри­ра­ат друж­ба са­мо со сво­и­те исто­мис­ле­ни­ци. Не се дру­жат и не ко­му­ни­ци­ра­ат со тие што мис­лат по­и­на­ку од нив. Ду­ри и це­лос­но ги изо­ли­ра­ат. За овие лу­ѓе единс­тве­ни „при­ја­те­ли“ се тие во чи­е­што оп­кру­жу­ва­ње се чув­ству­ва­ат нај­па­мет­ни. На­вод­но, се бо­рат за пра­ва­та на дру­ги­те, се бо­рат за не­ка­ква де­мо­кра­ти­ја, а, всуш­ност, се вка­ла­пе­ни ма­ли ло­кал­ни хит­лер­чи­ња, на кои не дај Бо­же да им се да­де мал­ку моќ. Со мал­ку моќ то­та­ли­тар­ни­от ум во кој се за­ро­бе­ни им пре­рас­ну­ва во то­та­ли­тар­на мре­жа во ко­ја мо­ра си­те да би­дат зап­ле­тка­ни и си­те да би­дат зга­зе­ни од нив­ни­те чиз­ми. И не слу­чај­но ве­лат де­ка во нај­го­лем дел ма­ли хит­лер­чи­ња се де­ца­та што израс­на­ле од се­мејс­тва што ја ве­ли­че­ле ко­му­ни­стич­ка­та иде­о­ло­ги­ја и ед­но­у­ми­е­то ка­ко цен­трал­на оска око­лу ко­ја се дви­же­ло и це­ло­то нив­но вос­пи­ту­ва­ње.

Тоа се ге­не­ра­ции де­ца, чи­и­што ро­ди­те­ли ни­ко­гаш не­ма­ле ни­ка­ква љу­бов кон сво­ја­та та­тко­ви­на, про­сто, ро­ди­те­ли што ја пре­зи­ра­ле Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, за кои Ср­би­ја или сѐ што е над Ср­би­ја би­ле „зем­ји­те на нив­ни­те со­ни­шта“. Кај овие лу­ѓе не по­сто­јат збо­ро­ви­те љу­бов кон Ма­ке­до­ни­ја и љу­бов кон сѐ што е ма­ке­дон­ско. Тоа се лу­ѓе што во се­ко­ја при­го­да плу­ка­ат по ви­стин­ски­те па­три­о­ти, кои ја са­ка­ат сво­ја­та та­тко­ви­на, би­деј­ќи се чув­ству­ва­ат исфру­стри­ра­но што кај нив не по­сто­јат та­кви чув­ства. Овие лу­ѓе не­ма­ат ни­ка­кви по­зи­тив­ни чув­ства за ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, за ма­ке­дон­ска­та тра­ди­ци­ја, за ма­ке­дон­ска­та цр­ква… За нив Ма­ке­до­ни­ја, бу­квал­но, не зна­чи ни­што. Тоа се лу­ѓе одам­на оту­ѓе­ни од сво­јот род, од сво­ја­та исто­ри­ја, де­неш­ни­на и ид­ни­на. Тоа се лу­ѓе на кои не мо­же да им се об­јас­ни што зна­чи да се љу­би сопс­тве­на­та та­тко­ви­на би­деј­ќи на таа те­ма нив­ни­те уши се глу­ви, ота­пе­ни, не­моќ­ни. Тоа се лу­ѓе што не­ма­ат ни­ту ем­па­ти­ја кон Ма­ке­до­ни­ја и Ма­ке­дон­ци­те, би­деј­ќи за нив да се би­де Ма­ке­до­нец не е ни­што гор­до и до­сто­инс­тве­но, ту­ку срам­но и гр­до. За нив се­ко­ја дру­га на­ци­ја, се­ко­ја дру­га др­жа­ва, се­кој друг на­род е по­до­бар од ма­ке­дон­ски­от. И да не се за­ла­жу­ва­ме. Овие нив­ни чув­ства се не­што што не мо­же да се по­пра­ви. Тие се за­се­ко­гаш за­гу­бе­ни. За нив не по­стои лек.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 234. број на неделникот „Република“, 24.2.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top