| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Бесплатниот превоз престанува, пензионерите и студентите бесплатно ќе учат албански

Но­ва­та вла­да во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ме­ѓу СДСМ, ДУИ и Али­јан­са на Ал­бан­ци­те ве­ќе на­го­ле­мо поч­на да се под­го­тву­ва, а на­ши из­во­ри од раз­го­во­ри­те ме­ѓу две­те пар­тии ин­фор­ми­ра­ат за нив­ни­от тек.

Отка­ко За­ев на Ал­бан­ци­те во кам­па­ња­та им по­ну­ди про­ме­на на Уста­вот и ре­де­фи­ни­ра­ње ка­ко во­вед во фе­де­ра­ли­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја, до­би око­лу 70.000 ал­бан­ски гла­са, ме­ѓу­тоа тие не беа до­вол­ни за сам да на­пра­ви вла­да.

За да мо­же да со­бе­ре мно­зинс­тво по се­ко­ја це­на и да фор­ми­ра вла­да, За­ев ре­ши да ги при­фа­ти си­те ба­ра­ња на ал­бан­ски­те по­тен­ци­јал­ни ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри, кои не беа ма­ли имај­ќи пред­вид де­ка тие мо­раа да се по­ка­жат ка­ко по­го­ле­ми Ал­бан­ци од но­ви­от играч ме­ѓу ал­бан­ски­от еле­кто­рат. Тоа по­драз­би­ра­ше и при­фа­ќа­ње на ос­нов­ни­от пре­дус­лов да раз­го­ва­ра­ат со не­го за фор­ми­ра­ње вла­да – дво­ја­зич­ност на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Отка­ко се по­ја­ви­ја одре­де­ни сит­ни проб­ле­ми за спро­ве­ду­ва­ње на овој план на СДСМ, ДУИ и Али­јан­са за Ал­бан­ци­те, ка­ко, на при­мер, проб­ле­мот што 75% од лу­ѓе­то во Ма­ке­до­ни­ја не го збо­ру­ва­ат ал­бан­ски­от ја­зик, со ре­ше­ние по­втор­но се ја­ви иде­о­ло­гот на дво­ја­зич­на Ма­ке­до­ни­ја, Зо­ран За­ев.

„Ви­де­те, точ­но е тоа де­ка е мал проб­лем што 75% од гра­ѓа­ни­те ќе мо­ра да учат ал­бан­ски, но ни­кој проб­лем не е не­реш­лив ко­га За­ев тре­ба да дој­де на власт. Зна­чи, ка­ко пр­ва мер­ка ко­ја ја пред­ви­ду­ва­ме што тре­ба, зна­чи, ит­но да се на­пра­ви е ба­рем пен­зи­о­не­ри­те и мла­ди­те да го на­у­чат ал­бан­ски­от ја­зик. Па, за­тоа па­ри­те кои до­се­га се фр­лаа на бесп­ла­тен пре­воз за овие гра­ѓа­ни се­га ќе се иско­ри­стат за бесп­лат­ни ча­со­ви по ал­бан­ски ја­зик кој ќе мо­же да го на­у­чат мла­ди­те и ста­ри­те, за да мо­же да им би­де жи­во­тот по­ле­сен отка­ко ќе ја на­пра­ви­ме Ма­ке­до­ни­ја дво­ја­зич­на“, из­ја­ви За­ев.

„До­ста се во­зеа по авто­бу­си бесп­лат­но ста­ри­те и мла­ди­те. Од тоа не­ма фај­де. Се­га мал­ку тре­ба да учат би­деј­ќи зна­е­ње­то ал­бан­ски е си­ла и моќ за ме­не“, до­да­де тој.

Спо­ред не­го, и во дру­ги­те гра­до­ви, ка­ко При­леп, Бе­ро­во, Ма­ке­дон­ска Ка­ме­ни­ца, Ге­вге­ли­ја, Ма­ке­дон­ски Брод, ка­де што ре­чи­си не жи­вее ал­бан­ско на­се­ле­ние, мо­же да се нај­де ре­ше­ние ка­ко по­бр­зо на­се­ле­ни­е­то ќе го на­у­чи ал­бан­ски­от ја­зик.

„Зна­чи, ка­ко што се до­го­во­рив­ме, ние но­ви­те парт­не­ри во вла­да­та, во оп­шти­ни­те ка­де што не­ма бесп­ла­тен пре­воз за пен­зи­о­не­ри и сту­ден­ти и не мо­же тие па­ри да ги иско­ри­сти­ме за ча­со­ви, ќе ги уки­не­ме по­ка­чу­ва­ња­та на пен­зи­и­те за пен­зи­о­не­ри­те и сту­дент­ски­те сти­пен­дии, па ете, од тие па­ри ќе се пла­ќа­ат про­фе­со­ри да ги учат Ма­ке­дон­ци­те ал­бан­ски ја­зик би­деј­ќи та­ка тре­ба за да гра­ди­ме со­жи­вот. Пла­ни­ра­ме и да ги зго­ле­ми­ме пар­ти­ци­па­ци­и­те за сту­ди­ра­ње за да има­ме уште по­ве­ќе па­ри за про­фе­со­ри по ал­бан­ски во це­ла др­жа­ва“, до­да­де тој.

Во па­кет-мер­ки­те, по­крај овие, се пла­ни­ра и уки­ну­ва­ње на зем­јо­дел­ски­те суб­вен­ции за ал­бан­ски да на­у­чат зем­јо­дел­ци­те, на­ма­лу­ва­ње на про­сеч­на­та пла­та за и ад­ми­ни­стра­ци­ја­та да на­у­чи ал­бан­ски, а се раз­мис­лу­ва и зго­ле­му­ва­ње на ДДВ од 18% на 26% за да мо­же и при­ват­ни­от се­ктор по­лес­но да се ин­те­гри­ра во но­во­то ма­ке­дон­ско оп­штес­тво скро­е­но спо­ред пла­нот на За­ев за до­а­ѓа­ње на власт.

„Зна­чи сѐ што пра­ви­ме е во рам­ки­те на Уста­вот и на тоа што За­ев, зна­чи јас ка­ко ли­дер на овој про­цес тре­ба да би­дам на власт би­деј­ќи Гос­под ме­не ме црп­на од ни­ва ток­му по­ра­ди ова, да би­дам пред­вод­ник на но­ва­та Ма­ке­до­ни­ја ко­ја ќе ста­не дво­ја­зич­на, ка­ко во­вед во кан­то­ни­за­ци­ја, фе­де­ра­ли­за­ци­ја и по­дел­ба на зем­ја­та на по­ма­ли един­ки би­деј­ќи та­ка по­ар­но ќе си функ­ци­о­ни­ра­ат, ва­ка во го­ле­ма зем­ја мно­гу е по­те­шко“, по­јас­ну­ва За­ев.

„Ете, ви­де­те кол­ку им е по­до­бро на Ма­ке­дон­ци­те во Стру­га, Ки­че­во отка­ко ги пре­крои СДСМ оп­шти­ни­те во 2004 го­ди­на за да има­ат ал­бан­ски гра­до­на­чал­ни­ци. Се­га си­те ужи­ва­ат во со­жи­во­тот, стан­дар­дот и ква­ли­те­тот на жи­ве­е­ње им е по­до­брен 500% и на­се­ка­де се ши­ри љу­бов, мир и раз­би­ра­ње. Ако е по­треб­но, и ќе на­пра­ви­ме на­се­лу­ва­ње на жи­те­ли од Ко­со­во и Ал­ба­ни­ја во До­јран, Пех­че­во, Ви­ни­ца и дру­ги­те оп­шти­ни со за­ста­ре­ни сфа­ќа­ња, за по­лес­но да се адап­ти­ра­ат на но­ви­от изг­лед на Ма­ке­до­ни­ја“, со­оп­шту­ва ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев.

Тој ве­ли де­ка со­ну­ва Ма­ке­до­ни­ја да ста­не Швај­ца­ри­ја на Бал­ка­нот.

„Јас ве­ту­вам де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де ка­ко Швај­ца­ри­ја, зна­чи со­ну­вам да се по­де­ли зем­ја­та на не­кол­ку кан­то­ни и то­гаш си­гур­но си­те ќе има­ме по 4-5 ил­ја­ди евра пла­та, ете Швај­ца­ри­ја е по­де­ле­на, па има­ат мно­гу ви­со­ки при­ма­ња. Тоа е единс­тве­ни­от на­чин во Ма­ке­до­ни­ја да се жи­вее по­до­бро. Не тре­ба пре­ку стран­ски ин­ве­сти­ции и вло­жу­ва­ња да се по­ди­га стан­дар­дот. Тоа е ре­тро­град­но и за­ста­ре­но. Тре­ба да се кан­то­ни­зи­ра зем­ја­та, тоа е па­тот до на­пре­до­кот“, за­вр­ши За­ев.

Не­го­ва­та из­ја­ва на­и­де на гро­мог­ла­сен ап­ла­уз ме­ѓу на­со­бра­ни­от на­род во Ма­ла Ре­чи­ца. Најг­лас­на бе­ше на­ви­вач­ка­та гру­па на Шкен­ди­ја чиј­што на­ви­вач е ток­му За­ев, со ко­ја ли­де­рот на СДСМ за­ед­нич­ки го за­па­ли ма­ке­дон­ско­то зна­ме ка­ко ста­ро­мод­но зна­ме кое не од­го­ва­ра на изг­ле­дот на но­ва­та Ма­ке­до­ни­ја, сим­бо­лич­но нај­а­ву­вај­ќи де­ка пос­ле ја­зи­кот, за­ед­но со ра­бот­на гру­па од „Ба­ли­сти­те“ на Шкен­ди­ја ќе ра­бо­тат на ски­ци за но­во зна­ме, др­жа­вен грб и хим­на.

За таа цел во Те­тов­ско ве­ќе е рас­пи­шан кон­курс за но­во зна­ме на Ма­ке­до­ни­ја на кој мо­же да учес­тву­ва­ат си­те на­ви­ва­чи на Шкен­ди­ја кои ед­наш ве­ќе го за­па­ли­ле ма­ке­дон­ско­то др­жав­но зна­ме и за тоа при­ло­жи­ле до­каз во фор­ма на сли­ка.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top