Новата влада во Република Македонија меѓу СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците веќе наголемо почна да се подготвува, а наши извори од разговорите меѓу двете партии информираат за нивниот тек.
Откако Заев на Албанците во кампањата им понуди промена на Уставот и редефинирање како вовед во федерализација на Македонија, доби околу 70.000 албански гласа, меѓутоа тие не беа доволни за сам да направи влада.
За да може да собере мнозинство по секоја цена и да формира влада, Заев реши да ги прифати сите барања на албанските потенцијални коалициски партнери, кои не беа мали имајќи предвид дека тие мораа да се покажат како поголеми Албанци од новиот играч меѓу албанскиот електорат. Тоа подразбираше и прифаќање на основниот предуслов да разговараат со него за формирање влада – двојазичност на целата територија на Република Македонија.
Откако се појавија одредени ситни проблеми за спроведување на овој план на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, како, на пример, проблемот што 75% од луѓето во Македонија не го зборуваат албанскиот јазик, со решение повторно се јави идеологот на двојазична Македонија, Зоран Заев.
„Видете, точно е тоа дека е мал проблем што 75% од граѓаните ќе мора да учат албански, но никој проблем не е нерешлив кога Заев треба да дојде на власт. Значи, како прва мерка која ја предвидуваме што треба, значи, итно да се направи е барем пензионерите и младите да го научат албанскиот јазик. Па, затоа парите кои досега се фрлаа на бесплатен превоз за овие граѓани сега ќе се искористат за бесплатни часови по албански јазик кој ќе може да го научат младите и старите, за да може да им биде животот полесен откако ќе ја направиме Македонија двојазична“, изјави Заев.
„Доста се возеа по автобуси бесплатно старите и младите. Од тоа нема фајде. Сега малку треба да учат бидејќи знаењето албански е сила и моќ за мене“, додаде тој.
Според него, и во другите градови, како Прилеп, Берово, Македонска Каменица, Гевгелија, Македонски Брод, каде што речиси не живее албанско население, може да се најде решение како побрзо населението ќе го научи албанскиот јазик.
„Значи, како што се договоривме, ние новите партнери во владата, во општините каде што нема бесплатен превоз за пензионери и студенти и не може тие пари да ги искористиме за часови, ќе ги укинеме покачувањата на пензиите за пензионерите и студентските стипендии, па ете, од тие пари ќе се плаќаат професори да ги учат Македонците албански јазик бидејќи така треба за да градиме соживот. Планираме и да ги зголемиме партиципациите за студирање за да имаме уште повеќе пари за професори по албански во цела држава“, додаде тој.
Во пакет-мерките, покрај овие, се планира и укинување на земјоделските субвенции за албански да научат земјоделците, намалување на просечната плата за и администрацијата да научи албански, а се размислува и зголемување на ДДВ од 18% на 26% за да може и приватниот сектор полесно да се интегрира во новото македонско општество скроено според планот на Заев за доаѓање на власт.
„Значи сѐ што правиме е во рамките на Уставот и на тоа што Заев, значи јас како лидер на овој процес треба да бидам на власт бидејќи Господ мене ме црпна од нива токму поради ова, да бидам предводник на новата Македонија која ќе стане двојазична, како вовед во кантонизација, федерализација и поделба на земјата на помали единки бидејќи така поарно ќе си функционираат, вака во голема земја многу е потешко“, појаснува Заев.
„Ете, видете колку им е подобро на Македонците во Струга, Кичево откако ги прекрои СДСМ општините во 2004 година за да имаат албански градоначалници. Сега сите уживаат во соживотот, стандардот и квалитетот на живеење им е подобрен 500% и насекаде се шири љубов, мир и разбирање. Ако е потребно, и ќе направиме населување на жители од Косово и Албанија во Дојран, Пехчево, Виница и другите општини со застарени сфаќања, за полесно да се адаптираат на новиот изглед на Македонија“, соопштува лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој вели дека сонува Македонија да стане Швајцарија на Балканот.
„Јас ветувам дека Македонија ќе биде како Швајцарија, значи сонувам да се подели земјата на неколку кантони и тогаш сигурно сите ќе имаме по 4-5 илјади евра плата, ете Швајцарија е поделена, па имаат многу високи примања. Тоа е единствениот начин во Македонија да се живее подобро. Не треба преку странски инвестиции и вложувања да се подига стандардот. Тоа е ретроградно и застарено. Треба да се кантонизира земјата, тоа е патот до напредокот“, заврши Заев.
Неговата изјава наиде на громогласен аплауз меѓу насобраниот народ во Мала Речица. Најгласна беше навивачката група на Шкендија чијшто навивач е токму Заев, со која лидерот на СДСМ заеднички го запали македонското знаме како старомодно знаме кое не одговара на изгледот на новата Македонија, симболично најавувајќи дека после јазикот, заедно со работна група од „Балистите“ на Шкендија ќе работат на скици за ново знаме, државен грб и химна.
За таа цел во Тетовско веќе е распишан конкурс за ново знаме на Македонија на кој може да учествуваат сите навивачи на Шкендија кои еднаш веќе го запалиле македонското државно знаме и за тоа приложиле доказ во форма на слика.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


