| четврток, 6 декември 2018 |

Ефтим Клетников: Албанските политичари нѐ уценуваат петнаесетина години

Албанските политичари нѐ уценуваат петнаесетина години, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова поетот Ефтим Клетников.

-Секој народ има добра душа. Зборувам за албанските политичари кај нас кои нѐ уценуваат десетина-петнаесет години, многу од нив имаат терористичко досие – рече Клетников.

Клетников потенцира дека кога зборува за Албанците не мисли на албанскиот народ и оти ниеден народ не е лош.

-Не се обеспокојуваат тие бидејќи сѐ им оди од рака. И Европа се со нив, и Американците и Заев и СДСМ и тие се спокојни. Е сега ние скокаме бидејќи нѐ боли. Кај нас е болката, не е кај нив, тоа е нашата емоција, вели Клетников.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top