| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Во унитарна држава како Македонија има само еден службен јазик

kara

-Не може да бидат двата јазика рамноправни, затоа што се знае дека во унитарна држава како Р. Македонија, имаме само еден службен јазик. Тој службен јазик, македонскиот, се врзува со македонската држава и се врзува со македонскиот идентитет, но и со унитарниот карактер на државата- изјави во гостувањето во вестите на ТВ Нова универзитетската професорка и експерт по уставно право, Тања Каракамишева.

Каракамишева појасни дека нема ниту една држава во светот којашто има унитарен републикански карактер, а каде што два службени јазика се во употреба, односно каде што има два официјални јазика на цела територија на државата.

-Не постои таков пример – зошто? Затоа што јазикот е еден елемент којшто е дел од државотворниот карактер на државата, односно од идентитетот, но и од клучните столбови врз кои се заснова една држава- рече Каракамишева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top