| четврток, 6 декември 2018 |

Мараја Кери ги обвинува танчерите и себеси за новогодишното фијаско

мараја

Поп дивата Мараја Кери и понатаму не може да се помири со својот пропаднат новогодишен настап кога на Тајмс сквер, поради проблемите со звукот беше принудена да ја напушти бината. Пејачката рече дека за таа „техничка непријатност“ ги обвинува своите танчери и себеси.

Во текот на новогодишниот концерт на Мараја на Тајмс сквер во Њујорк, кој се пренесуваше во живо, звучната опрема ја натера пејачката да ја напушти бината со негодување од публиката. Сега за Ролинг стоун откри дека требала подобро да реагира.

– Јас не сакам за тоа воопшто да зборувам, но во таа ситуација немаше помош. Работите беа надвор од мојата контрола, а да не беше толку хаотично, нешто би преземала за да се извлечам од тој настап. Танчерите, исто така, мораа да прекинат со настапот и да ми помогнат да се симнам од таа проклета бина. Многу ми е жал. Испадна целосно фијаско, ги обвинувам сите за тоа, но и себе, затоа што не го напуштив настанот веднаш по пробата- рече Кери.

Техничката опрема во текот на пробата почнала да прави проблеми со звукот. Сепак, на дивата и било речено дека работата ќе биде решена додека таа да почне со настапот.Проблемот очигледно не бил решен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top