Од 25 февруари до 2 март во Кинотеката на Македонија ќе се одржи РЕТРОСПЕКТИВА НА ЕРМЕНСКИОТ РЕЖИСЕР ХАРУТЈАН ХАЧАТРИЈАН.
На ретроспективата ќе се прикажат осум филмови. ХАРУТЈАН ХАЧАТРИЈАН (роден на 9 јануари 1955 г.) е еден од најистакнатите Ерменски режисери и директор на Интернационалниот филмски фестивал во Јереван „Златна кајсија“. За работата на своите филмови добитник е на бројни интернационални награди. Неговиот стил се одликува со постојана критика на општеството во кое живее, често користејќи ги спротивностите за да ја потенцира и прикаже суровата реалност и иако може да се каже дека неговата поетика се базира на филмскиот контерапункт, неговиот филмски израз не е изолиран од поетичност и лирика. Темите ги црпи од својата средина и Ерменија и Ерменците се неговата главна преокупација преку кои ни пренесува универзални пораки на хуманост низ еден рафиниран кинестетски израз. Преку неговите филмови ќе се приближиме до оваа, за нас малку позната култура.
Ретроспективата ја започнуваме со филмот ЌОРСОКАК, што претставува вивисекција на ерменската дијаспора во САД. Тоа еден неверојатно топол филм сниман во временски период од 30-тина години во кој можеме да се препознаеме и ние и судбините на нашите иселеници.
Иако беше најавено неговото доаѓање, поради здравствени причини, ХАРУТЈАН ХАЧАТРИЈАН нема да може да присуствува на ретроспективата која ги вклучува речиси сите негови филмови.
25 февруари (сабота) 20:00 ч.
ЌОРСОКАК
(Deadlock)
Документарен филм, Ерменија,
2015 г., 115 мин., колор, ДСП
Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan)
Ова е втората приказна на документарната серија од пет филмови на режисерот Харутјан Хачатријан кој ќе биде присутен на проекцијата. Серијата е посветена на ерменската дијаспора. Откако добива зелена карта за САД, Левон заминува за Америка. За жал, Америка не е она за што се издава преку рекламите и поп-културата. ЌОРСОКАК е болно размислување за бегството и за разочарувањето, а исто така е и политичка истрага за она што значи живот во капиталистичка земја. По проекцијата следува разговор со авторот.
26 февруари (недела) 20:00 ч.
ВРАЌАЊЕ НА ПОЕТОТ
(Return of The Poet )
Документарен филм, Ерменија
2005 г., 88 мин., колор, ДСП
Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan)
Харутјан Хачатријан го избира Ашуг Џивани, поет од 19-тиот век, за централна фигура на својот нов филм. Силата на овој поет лежи во неговата чиста мисла, филозофската перспектива, желбата беспрекорно да го завети следниот ден на генерациите и во идејата човекот да биде ослободен од сложеноста и формалноста. Авторот во исто време се спротивставува на културата, но и на самиот себе, со огромна доза на хумор и сарказам. Филмот претставува документарна студија ја создавањето на споменикот на Џивани и транспортот на споменикот од Ереван, главниот град на Ерменија, до Џавак, родниот град на поетот. Оттаму, главен херој на филмот не е човекот, туку споменикот што патува. Патувањето како најсакана и најприродна средина на филмот и непредвидливоста на развивањето на филмскиот заплет се основните принципи на режисерскиот концепт што го прави филмот свеж и низ сето тоа се раѓа драмската композиција.
27 февруари (понеделник) 20:00 ч.
ГРАНИЦА
(Border)
Игран филм, Ерменија
2009 г., 88 мин., колор, ДСП
Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan)
Сценарио: Харутјан Хачатријан, Микаил Стамболтсјан (Harutyun Khachatryan,Mikayel Stamboltsyan)
Улоги: Липарит Липаритијан, Манвел Микитарјан, Давит Гаспарјан (Liparit Liparitian, Manvel Mkhitaryan, Davit Gasparyan )
Раскажана од перспектива на едно спасено бафало, ова е приказна на еден мал град што се бара себеси по ерменско-азербејџанскиот конфликт. Прифаќањето на бафалото од страна на другите животни во фармата полна со животни, фармери и бегалци, го отсликува раширеното сомневање во земјите од постсоветскиот свет.
28 февруари (вторник) 20:00 ч.
ДОКУМЕНТАРИСТ
(Documentarist)
Документарен филм, Ерменија
2003 г., 60 мин., црно-бел, ДСП
Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan)
Сценарио: Харутјан Хачатријан, Микаил Стамболтсјан, Валери Гаспарјан (Harutyun Khachatryan, Mikayel Stamboltsyan, Valeri Gasparyan)
Главен протагонист на филмот е режисер на документарни филмови што со својата екипа снима различни субјекти. Навидум неповрзаните теми се ставени една до друга за да го создадат мозаикот на Ерменија во 90-тите: деца питачи, осакатени деца напуштени од своите родители, новороденчиња, бегалци, бездомни кучиња, виновни и невини затвореници… Трагедијата на општеството во транзиција… И надежта, родена од екстремниот очај.
28 февруари (вторник) 21:00 ч.
БЕЛ ГРАД
(White Town)
Документарен филм, Ерменија
1988 г., 30 мин., црно-бел, ДСП
Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan)
Сценарио: Харутјан Хачатријан, Микаил Стамболтсјан (Harutyun Khachatryan,Mikayel Stamboltsyan)
Акалкалаки, град во Грузија населен со Ерменци, е прикажан како бурлеска и во исто време трагичен модел на советски град. Филмот е снимен во 1988 г., само неколку години пред колапсот на СССР и како да ги предвидува, од една страна, националните конфликти што следуваат, а од друга страна, растот на националните движења.
28 февруари (вторник) 21:30 ч.
КОНД
(Kond)
Документарен филм, Ерменија
1987 г., 34 мин., колор, ДСП
Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan)
Сценарио: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan)
Документарец за секојдневниот живот и сериозните социјални проблеми во Конд, едно од најстарите маала во Ереван. Конд и неговите жители стануваат објекти на долгорочнао набљудување. Утро, ден, квечерина, ноќ, будење, дневни обврски, работа, јадење, спиење. Но и свадби и погреби, пожари и раѓање на деца – целиот циклус на човековото постоење. А оваа шема е пополнета со фрагменти од вистинскиот живот што се покажува пред гледачот од најразлични аспекти.
1 март (среда) 20:00 ч.
БЕСКРАЈНО БЕГСТВО, ВЕЧНО ВРАЌАЊЕ
(Endless Escape Eternal Return)
Документарен филм, Ерменија
2014 г., 90 мин., колор, ДСП
Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan)
Сценарио: Харутјан Хачатријан, Микаил Стамболтсјан (Harutyun Khachatryan,Mikayel Stamboltsyan)
Актери: Хајук Хачатријан, Рубен Хаквердијан, Георг Агекијан (Hayk Khachatryan, Ruben Hakhverdyan, Gevorg Aghekyan)
Помеѓу 1988 г. и 90-тите, три настани ја шокираат Ерменија: страшен земјотрес, војната во Нагорно-Карабах и распадот на СССР. Како резултат на тоа, некои луѓе избираат бегство. Режисерот ја следи смелата судбина на оние што решиле да ја напуштат својата татковина и создава епски, трогателен портрет на неуморен наратор. Во 1988 Хачатријан го започнува болното истражување на отуѓувањето и бездомништвото помеѓу ерменските бегалци. Ова е првиот дел од петте дела, што треба да ги прикажат приказните на неколку ерменски уметници. „Луѓе, нација, бегство, враќање. Зошто луѓето бегаат од нивните корени?“ – се прашува Хачатријан.
2 март (четврток) 20:00 ч.
ВРАЌАЊЕ ВО ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА
(Return to The Promised Land)
Документарен филм, Ерменија
1991 г., 87 мин., колор, ДСП
Режија: Харутјан Хачатријан (Harutyun Khachatryan)
Сценарио: Харутјан Хачатријан, Микаил Стамболтсјан (Harutyun Khachatryan, Mikayel Stamboltsyan)
Улоги: Размик Асатријан, Маријам Бозојан, Сурик Зурнахјан (Razmik Asatryan, Mariam Bozoyan, Surik Zurnachyan)
ВРАЌАЊЕ ВО ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА следи едно младо ерменско семејство што се враќа во нивниот уништен дом и фарма по големиот земјотрес, деструктивната сила што може да се види насекаде и по распадот на Советската империја, еден далечен настан невидлив во реалноста. Семејството е вистинско, снимено е од почетокот на зимата до крајот на пролетта, но режисерот го структурира филмот како приказна на нем филм. Многу години ерменската нација, бидејќи немала држава, ги концентрира националните вредности во семејството како центар на националниот дух. Главните ликови во приказната доаѓаат во Северна Ерменија. Тие се бегалци кои избегале од насилство. Жената е бремена. Тие создаваат свет околу себе и така се создаваат себеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура