Вчера околу 10.00 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на ул. „34“ во населба Илинден-Скопје, на местото викано Пуста Kула, лежело непознато машко лице.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето Д.Д. (66) од с.Трубарево, Скопско.
Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на Институтот за Судска Медицина за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.