Последниот ден од преодниот рок во НБА веќе донесе неколку интересни договори.
Па, така Бојан Богдановиќ во продолжението од сезоната ќе го носи дресот на Вашингтон. Одличниот шутер заедно со Крис МекКалог е испратен во Вашингтон, а во обратен правец заминаа Ендрју Николсон, Маркус Тортон и пикот на првата рунда од годинашниот драфт.
Интересна замена одработија и Атланта и Филаделфија. Иако договорот се уште не е официјален, турскиот кошаркар Ерсан Илјасова ќе го облече дресот на Атланта, додека кон Филаделфија оди бразилскиот центар Тиаго Сплитер.
Се уште траат преговорите за размена меѓу Њујорк никс и Минесота. Главни ѕвезди на размената се Дерик Роуз и Рики Рубио, кои би требало да ги заменат екипите, но засега работата ја кочи тимот од „Големото јаболко“, затоа што покрај Рубио го сака и српскиот кошаркар Немања Бјелица.
До крај на денот нов тим би требало да има и центарот на Филаделфија, Јахлил Окафор. Неговата нова дестинација би можела да биде Чикаго булс, кои се уште преговараат со Филаделфија околу можниот трејд.
Сигурно и преостанатите часови од преодниот рок во НБА лигата ќе донесат уште неколку трејдови, но засега број еден трансфер е оној на ДеМаркус Казинс од Сакраменто во Њу Орлеанс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.