| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов-Шабадос: Македонија се справува со мигрантската криза согласно меѓународните стандарди

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ja прими Аргентина Шабадос, регионален директор на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) задолжен за Југоисточна Европа, Источна Европа и Централна Азија со која разговарале за актуелната состојба со бегалската и мигрантската криза, стратегиите и активностите на Меѓународната организација за миграција и улогата на Македонија во справување со мигрантската криза.

Како што соопшти кабинетот на Претседателот, Иванов истакнал дека Република Македонија ги спроведува мерките и постапува согласно заклучоците на Европскиот совет, со цел превенирање на заканата од илегална миграција, заштита на границите и зачувување на интегритетот на Шенгенската зона.

– Безбедносните служби на Република Македонија се справуваат со мигрантската криза на одговорен и професионален начин, со хуманитарна поддршка во согласност со највисоките европски и меѓународни стандарди, посочил македонскиот претседател.

Шабадос го информирала претседателот Иванов за стратегиите и приоритетите на ИОМ во однос на натамошната соработка со Република Македонија во сферата на миграциите.

– Регионалниот директор изрази задоволство од односот и третманот на Република Македонија кон бегалците и мигрантите, согласно сите меѓународните стандарди и ги поздрави начините на кои земјата се справува со мигрантската криза, изјавила Шабадос се наведува во соопштението.

Воедно, Иванов се заблагодарил за досегашната помош од ИОМ и ја посочил потребата од зајакнување на капацитетите на македонските безбедносни институции, при што биле разгледани можностите за поголема поддршка од страна на Меѓународната организација за миграција во јакнењето на капацитетите на АРМ.

Регионалниот директор на ИОМ, пак, изразил благодарност на македонските институции за соработката и уверување дека и во иднина ќе продолжат со поддршката во согласност со потребите на Република Македонија, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top