Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на отворањето на новата сезона на францускиот кино-клуб со проекцијата на филмот „Љубовни песни“, в петок 24 февруари 2017 год, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија.
Се работи за филм, којшто во 2008 година ја доби наградата Цезар за најдобра музика и има 20 други различни номинации, и којшто познатиот француски неделник за млади Лезенрок го оцени како „ забавна музичка драма и еден весел, длабок филм за љубовта и отсуството“.
Филмот е со превод на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.