| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасот кој го преживеа и ја уништи кариерата – мотоциклистка силувана од физиотерапевтот

На американската мотоциклистка Елена Маерс (23) и предвидуваа блескава кариера, но пред три години таа на изненадување на бројните фанови, неочекувано се повлече од патеката и ја заврши приказната со спортот во кој бележеше големи успеси. Маерс неколку години беше во комплетна изолација, но сега реши да се појави и со јавноста ја сподели ужасната причина за своето повлекување.

Во септември 2014 година, Маерс настапувала на патеката Њу Џерси Мотоспорт Парк во Милвил. За време на трката паднала и полесно се повредила. Во хотелот во кој престојувала побарала помош од физиотерапевтот и закажала масажа. Но, масажата за опоравување, се претворила во кошмар кога физиотерапевтот Џером Мекнил физички ја нападнал и ја силувал.

-Бев во шок, тој беше поголем од мене и се плашев ситуацијата да не ескалира уште повеќе. Тоа беше ужасно. Беш шокирана и преплашена од тоа што ми се случи – раскажува Елена Маерс.

Уште поголем шок младата спортистка доживеала кога за ужасниот настан го информирала персоналот на хотелот од каде рамнодушно и понудиле да остави жалба кај раководителот на хотелот, а тој како извинување и понудил бесплатен ручек во хотелот со препорака дека најдобро за сите ќе биде се да се заборави.

Мајерс во почетокот не поднела никаква тужба бидејќи како што вели, не можела да поднесе уште еднаш да се соочи со Мекнил што дополнително би ја виознемирило. Но, ужасниот настан во Њу Џерси стави крај на нејзината спортска кариера.

Минатата година Елен Маерс сепак, собра храброст реши сето тоа да го промени.

-Сакам да им испратам порака на сите други жени да не молчат кога ќе им се случат вакви работи – порача младата спортистка.

Мајерс покрена тужба пред американскиот суд против хотелот и против физиотерапевтот Џером Мекникл кој и претходно бил обвинет за физички напад и за силување на дванаесетгодишно девојче.

Младата мотоциклистка сега води правна битка, но се уште не е подготвена да се врати во омилениот спорт во кој три години нема настапено на нидена трка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top