| четврток, 6 декември 2018 |

Покривање на незнаење и неспособност со некултура и ароганција

Фатиме Фетаи побара од судијата парично да казни обвинет, кој реагираше на непочитувањето на судот и циркусот во судницата што го правеа јавните обвинителки.

На нејзиното барање судијата реагираше дека Фетаи не го познава законот и прописите и дека обвинет не може да биде казнет, по што реагираа присутните во суднициата, кои гласно го коментираа правното незнаење на Фатиме.

Тоа беше уште една причина специјалните обвинителки Фетаи и Јанева да продолжат со циркузот во судницата, со навредливи зборови да го напаѓаат судијата, да вршат нејзино лично дисфалификување, и дискредитација.

Искусните правници кои беа присутни коментираа дека ова преставува прикривање на неспособноста и незнаењето на обвинителките и дека се дојдени да го прекинат распитот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top