| четврток, 6 декември 2018 |

И во Македонија татковците одат на породилно

Ова право кое станува тренд и во Македонија повеќе години се спроведува во Западно европските земји, но таму извесен период и двајцата родители добиваат надомест. Во Исланд дури 90 отсто од татковците одат на породилно, во Шведска тоа го прават 85 проценти, Во Германија 15 насто, а во Велика Британија 8 отсто

Минатата година според податоците од Фондот за здравство 54 татковци користеле породилно боледување. Најмногу вакви случаи во 2016-та имало во Скопје. Вкупно 17 мажи, 9 месеци се грижеле за децата додека сопругите работеле. Осум вакви породилни отсуства се регистрирани во Битола, 4 во Струмица, по три во Велес, Кочани, Куманово, Охрид и Тетово.

Статистиката на ФЗОМ покажува дека од година в година се зголемува бројот на мажи кои го искористиле оваа законско право. Лани 54 татковци останале дома за да го чуваат бебето, во 2015 тоа го сториле 29 лица, во 2014 -14, во 2013-16, а во 2012-19. Според досегашните искуства мажи останувале на породилно поради несреќен случај или финансиски потреби.

Македонскиот закон за работни односи предвидува право на платено отсуство од работа заради бебе или само на мајката или само на таткото. Колкава е платата на корисникот толку пари му исплаќа  државата девет месеци. Ако таткото сака да ја искористи оваа можност треба да достави  извод на родените за детето и потврда дека мајката се враќа на работа. Но, родилката тоа не смее да го направи во рок пократок од 45 дена по породувањето.

Ова право кое станува тренд и во Македонија повеќе години се спроведува во Западно европските земји, но таму извесен период и двајцата родители добиваат надомест.  Во Исланд дури 90 отсто од татковците одат на породилно, во Шведска тоа го прават 85 проценти, Во Германија 15 насто, а во Велика Британија 8 отсто.

И познати светски личности ја користеле оваа можност. Принцот Вилијам и поранешниот премиер Дејвид Камерон се грижеле за своите деца  во првите месеци од нивниот живот.

Во 2010 година и во Македонија имаше предлог закон заедно со мајките и татковците 2 месеци да имаат платено породилно боледување, но поради антикризните мерки оваа идеја не се реазлизираше. Засега нова иницијатива нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top